Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Темелко: Присуството на премиерот ни даде јасен сигнал дека Македонците во Албанија не се заборавени

Претседателот на друштвото „Преспа” и поранешен градоначалник на Општина Пустец во реакцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на друштвото „Преспа” и поранешен градоначалник на Општина Пустец во реакцијата по синоќешниот фолклорен фестивал „Преспа” оценува дека „присуството на македонскиот премиер Христијан Мицкоски е јасен сигнал дека Македонците во Албанија не се заборавени”.

-Присуството на премиерот Христајан Мицкоски ни даде јасен сигнал – Македонците во Албанија не се заборавени. Им благодарам на сите учесници, гости и поддржувачи – ова беше празник што ќе се памети!“, напиша Темелко во објава на Фејсбук.

Горд сум, додава, што во соработка со Општина Пустец го организиравме Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа”, кој оваа година го собра најдоброто од нашата култура, традиција и љубов кон Македонија.

Реклама

Реагираше и познатиот македонски активист Панди Јани, кој на Фејсбук напиша „Македонскиот фестивал во Пустец – ден за историја, гордост и единство”.

„Во срцето на општина Пустец, Република Албанија, се одржа македонскиот фестивал што уште еднаш ја потврди живата македонска традиција надвор од границите на татковината. Со песна, оро и гордо развиорени македонски знамиња, испративме јасна порака: Македонскиот идентитет живее и ќе живее – во Албанија, Грција, Бугарија и ширум светот“, стои во објавата.

Посебна чест и гордост, посочува се тој, беше присуството на премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, кој пред сите Македонци од Пустец упати силна порака на поддршка и љубов.

-Неговото присуство е доказ дека не сме заборавени – туку сме ценети и почитувани. Ова не беше само културен настан – ова беше доказ дека Македонецот знае од каде доаѓа, што носи во срцето и колку вреди неговата песна, игра и збор. Секоја насмевка, секое оро, секој аплауз – беше љубов кон Македонија, констатира Панди Јани.

По неколкугодишна пауза македонскиот фолклорен фестивал „Преспа” синоќа се одржа на плоштадот „Гоце Делчев” во Пустец, кој како што вети градоначалникот Пали Колефски, ќе биде традиционален.

Освен премиерот Мицковски присуствуваа и министрите за внатрешни работи, Панче Тошковски и за култура, Зоран Љутков, вршителот на должноста македонски амбасадор во Тирана, Љуфтим Спахиу, градоначалниците на Ресен и Охрид, како и Васил Стерјовски, претседателот на МАЕИ.

Освен присуството на фестивалот тие ја посетија и црквата „Архангел и Михаил”, каде имаа срдечна средба со отец Алексо Темелко.