Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Текстилната индустрија во Македонија има реални шанси за развој

Македонија, природно има низа поволни околности кои можат да обезбедат продуктивен развој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија, природно има низа поволни околности кои можат да обезбедат продуктивен развој на домашната текстилна индустрија, иако во изминатите години таа е една од инфлаторски најпогодените индустрии. Но, она што задолжително мора  да се направи е државата да почне да пристапува стратешки и со визија, а компаниите да почнат да работат на своето преструктуирање во сопствено македонско производство, односно во сопствен бренд, смета Ирена Јакимоска како долгогодишен менаџер во текстилната индустрија.

„И секако, во иднина да не оставаме да имаме ризик на соработка само со одредена земја…. Ние, на пример, имаме политика на компанијата – не даваме повеќе од 30 посто од нашите капацитети на одредена земја или на одреден купувач, бидејќи тоа би можело да не’ доведе во ризик. А 30 посто е нешто што можеме секогаш да го надополниме…да можеме да го балансираме и да не ја донесеме компанијата во ризик“, – посочува Ирена Јакимоска, менаџер на Текстилна компанија.  

Исто така, она што би било корисно за опстојот на оваа индустриска гранка е Македонија да има и своја базна индустрија за потребите на конфекционерите. Бидејќи, како што вели Јакимоска, ние имаме врвни модни креатори кои што можат да креираат сопствен македонски производ, со што нашата предност би била многу поголема.

Реклама

„Меѓутоа, треба национална стратегија. Не може една компанија самата да отпочне со процес на базна индустрија без поддршка од владините институции, без креирање на политика – што значи тоа базна индустрија, особено да се осврнеме кон природните материјали, нешто што во иднина ќе недостасува многу. И оние кои што ќе бидат први, кои ќе инвестираат во базна индустрија од природни материјали, ќе имаат предност во споредба со другите. Културата на купување гардероба, или културата на пласирање на конфекциските предмети се менува, и во 2025 година ќе претрпи одредени промени“, – потенцира Јакимоска.

Што се однесува пак до хроничниот недостиг на текстилни работници, најмногу заради ниските плати, Јакимоска решението го гледа во континуираното инвестирање во оперативните работници со крајна цел – достоинствено да се живее и од занаетчиската работа – шнајдер. „Ние треба да престанеме да креираме евтина работна сила. Нам ни треба професионална, среќна и мотивирана работна сила со соодветна продуктивност која ќе не’ направи поконкурентни на пазарот“, прецизира Јакимоска.

Каролина Дурло