Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Таравари спремен да го поништи тендерот за паркингот на Клинички ако Владата и јавноста се против

Нема одлука за избор на фирма која ќе гради катна гаража и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема одлука за избор на фирма која ќе гради катна гаража и ќе управува со паркингот во Клинички центар велат од Владата. Истото го потврди и министерот за здравство кој рече дека договорот не е потпишан. Иако на тендеорт се јавила само една компанија „Ѓока констракшн“.Според Таравари, не е проблем да се поништи тендерот и да се распише нов повик, на министерот му биле важни  реакциите на јавноста но и “аминот” од Владата за да падне одлука кој да стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар.

“Не е потпишан. Паркингот на Клиничкиот центар секогаш прави многу нервоза. Ако за понудата, еве слушам, секогаш многу ми значи јавноста што ќе каже, ако ми кажат дека нешто не е во ред, пуштено е и во Влада, ако и таму ми кажат дека има одредени пропусти, нема да имаме ништо. Ќе го поништиме, ќе објавиме нов, но само ќе изгубиме една година” – вели Арбен Таравари, министер за здравство.

Според Таравари, рокот за стопанисување со паркингот не е 20 години, како што е предвидено со физибилити студијата. Во тендерот, имало услов за понудувачот да го користи паркингот додека на таа локација е Клиничкиот центар и тоа нема да биде повеќе од седум до 10 години.

Реклама

Министерот најави дека ќе поскапи паркинот на Клинички од 30 на 50 денари за час по преземањето од страна компанијата која ќе добие тендерот.

“Имајќи предвид и какви се цените мислам дека не е лоша. Најдобро е 0 денари да биде, ако најдете таков понудувач, одлично ќе биде. 50 денари мислам дека е пристојна цена, затоа што пред „Нова Македонија“ е 40 денари. Не е цена која е многу висока, таа беше дадена на аукција. Во Скопје има цени кои се 100 денари, 150 денари”, вели Таравари.

Според договорот, кој се уште не е финализиран, компанијата која ќе го добие тендерот треба да изгради две катни гаражи во рок од 6 месеци до една година од преземањето на паркингот.

Инвестицијата би го чинела концесионерот нешто над десет милиони евра. Моментално, на Клиничкиот центар има 800 паркинг места, а со двете катни гаражи би се добиле уште 800 до 900.