Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Светска банка: Со засилени реформи, планот за раст на БДП е остварлив

Ако Македонија сериозно спроведе реформи, плановите за бруто домашен производ од над…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако Македонија сериозно спроведе реформи, плановите за бруто домашен производ од над 10 илјади долари по глава на жител се остварливи. Од Светска Банка велат дека земјава треба да ја подобри бизнис климата, да ја зголеми конкуренцијата, да инвестира во образованието за граѓаните да отвораат фирми, имаат подобри дигитални вештини, да развијат иновации. Доколку навистина се реформира системот, амбициозната агенда која ја најави премиерот за раст на БДП од 17 на 20 милијарди долари е реално остварлива во краток временски период.

„Зависи сепак од стапката на раст, ако е многу голема стапката на раст, отприлика 10 проценти, тогаш БДП се удвојува за седум години, така што сегашните 8.000 – 9.000 евра може да се достигнат 17.000, а до 10.000 може да се стаса за многу пократок временски период и сето тоа ќе зависи од стапката на раст“ – вели Иваило Изворски – главен економист за Европа и централна Азија на Светска Банка.

Препораките на Светска Банка и Европската Унија се речиси исти – рече  евроамбасадорот Рокас. Тој потенцираше оти веќе се забележува дека на реформскиот пат има напредок во делот на јавната администрација и владеењето на правото. За да се искористи потенцијалот на бизнисот, според него, мора да се надминат пречките во администрацијата и да се зголеми дигитализацијата на јавниот сектор.

Реклама

„Видливо е, но сепак има уште многу пат да се изоди и да се работи посилно со посилна посветеност на брзо унапредување во делот на владеење на правото“ – вели Михалис Рокас – ЕУ амбасадор во Македонија.

За странските инвеститори најважно е да има поволна деловна клима за работа. Велат дека земјава мора да инвестира во образованието, за да се создадат повеќе квалитетни кадри, особено затоа што поради преголемата изложеност кон автомобилската индустрија која сега е во криза, треба да се привлекуваат странски компании од други сектори.

„Секако сите знаеме што се случува во последниве 6 недели поради царините на САД, но европската автомобилска индустрија назадува уште од 2018, 2019 та година, уште од годините пред Ковидот. Во Европа се продаваат за една четвртина помалку автомобили отколку пред 6 години. И сега со вклучувањето на возила од Кина, треба да видиме тоа како ќе се развива. Ќе биде тешко за производителите да се прошират на европскиот пазар. Мора да најдеме алтернативи. Можеби медицински помагала. Тие се е многу слични во поглед на технологијата, мехатрониката, напредно производство, смарт производство. За сето тоа ни треба квалитетно образование“ – вели Виктор Мизо – претседател на Совет на странски инвеститори.

Поради глобалните ризици врз македонската економија, Светска банка ја ревидираше проекцијата за економски раст годинава на 2,6% ,а ММФ на 3,2 отсто. ММФ оцени дека Народната банка ефективно се справи со серијата економски шокови, успеа да ја намали инфлацијата, да обезбеди стабилен девизен курс и сигурен финансиски систем. ММФ препорача Народната банка да продолжи со претпазливата монетарна политика сѐ додека не се потврди постојан и одржлив пад на инфлацијата. Доколку некои од домашните ризици се остварат, фондот препорачува повторно затегнување на монетарната политика.