Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Сулејмани: Владата преку Министерството за енергетика објави јавен оглас за финансиска поддршка за електрична енергија за најранливите семејства

Денес не споделуваме само техничка вест или административна одлука, денес споделуваме вест…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес не споделуваме само техничка вест или административна одлука, денес споделуваме вест на срцето и совеста, чекор напред кон социјална правда, конкретен доказ дека моќта на државата треба да биде во служба на луѓето на кои им е најпотребна, истакна Дритон Сулејмани – портпаролот на ВРЕДИ на прес-конференција што МИА ја пренесува интегрално.

Владата, преку Министерството за енергетика, рудници и минерални ресурси, објави јавен оглас за финансиска поддршка за електрична енергија за најранливите семејства, одлука што носи во себе не само економска вредност, туку и длабоко хумана.

Преку оваа мерка, вкупно 42,3 милиони денари ќе бидат распределени како директни попусти од 1.000 денари месечно на сметките за електрична енергија, во период од 1 година, на домаќинства во кои живеат: лица со попреченост, лица кои се целосно слепи или глуви, корисници на посебен надоместок согласно Законот за социјална заштита.

Реклама

Ова не е милост, туку социјална правда. Ова не е пропаганда, туку конкретна акција. Ова е политика на хуманизам што му дава значење на зборот „држава“.

Почитувани граѓани,

Ние во ВЛЕН веруваме дека политиката има смисла само кога ги допира реалните животи на луѓето. А оваа одлука ги допира реалните животи на мајка која одгледува дете со попреченост, на пензионер кој живее од социјална помош, на граѓанин кој се чувствувал заборавен со децении.

Ова е скромен чекор во монетарна вредност, но многу голем во симболика. Бидејќи со ова велиме: „Државата е тука за вас. Не сте сами“.

Почитувани граѓани,

Енергијата не е само киловати. Енергијата не е само мегавати. Енергијата е живот. Енергијата е безбедност. Енергијата е солидарност.

Со насочување на поддршката таму каде што болката е најдлабока, создаваме систем каде што светлината не е луксуз, туку право. Каде што греењето не е привилегија, туку неопходност.

Затоа, апелираме до сите, аплицирањето е отворено. Информирајте ги семејствата, пријателите, соседите кои би можеле да имаат корист од оваа мерка. Никој да не биде изоставен. Нека ова биде заедничка кампања не само на владата, туку и на колективната совест. ВЛЕН ќе продолжи да ги поддржува ваквите политики со сето наше срце и институционален капацитет. Бидејќи веруваме дека едно општество е навистина силно само кога најслабите меѓу нас се чувствуваат заштитени.

Ви благодариме за вашата доверба и трпение, ви благодариме што градите држава што ВРЕДИ за сите заедно!