Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

 Студентски Хакатон на УКЛО за предизвиците на тројната транзиција

УКЛО-Битола денеска почна тридневен студентски Хакатон посветен на мултидисциплинарните предизвици на тројната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

УКЛО-Битола денеска почна тридневен студентски Хакатон посветен на мултидисциплинарните предизвици на тројната транзиција: социо-економски, зелени и дигитални предизвици.

Според ректорот на УКЛО, Игор Неделковски, првиот Хакатон што се одржува во рамки на Алијанса КОЛОРС, овозможи учество на домашни и студенти од странство и тоа дополнителен квалитет во студентскиот натпревар што ќе се случува во Битола.

-Студентите ќе креираат иновативни софтверски решенија поврзани со тројната транзиција на регионот, место во кое порано или подоцна ќе почне процесот на праведна транзиција. Овој процес не се реализира веднаш и затоа нашиот Универзитет меѓу првите работи на конкретни предлози. Понудените решенија од студентите ќе се понудат на државата, бизнисот или невладиниот сектор како бесплатни алатки кои придонесле за тројната транзиција, односно за економските, зелените или еколошките и дигиталните предизвици, посочи ректорот Неделковски.

Реклама

На прес – конференција во Студентскиот информативен центар (СИЦ) на УКЛО-Битола, раководителот професор д-р Мимоза Богданоска Јовановска, истакна дека сите предлог решенија на студентските тимови ќе бидат дизајнирани со трите носечки компоненти на годинешниот Хакатон.

-Годинава имаме повеќе од 50 учесници, студенти и ученици од земјава и странство. Главни идеи ги избравме како континуирана активност на колабораториумите и затоа овој пат работиме на тема храна и отпадок од храна, потоа на тема е енергија и обновливи извори на енергија, додека третата тема е посветена на социјалната инклузија. Трите предизвици го вклучуваат и дигиталниот момент без кој денес неможе да се замислат новитети, истакна универзитетскиот професор Богданоска Јовановска.

Работата на тимовите учесници на студентскиот Хакатон ќе биде оценувана од посебна стручна комисија со различен профил, а најдобрите ќе бидат наградени.