Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Студентска изложба „Мало и моќно“ на ФЛУ во Сули ан

Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе ја отвори студентската изложба „Мало и моќно – Големото влијание на уметноста од мал формат“, во Галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ во Сули ан.

Како се наведува во соопштението, изложбата претставува долгогодишен проект на Факултетот за ликовни уметности, кој се одржува континуирано од 1990-тите години, а е посветен на истражување на односот меѓу форматот и идејата, како и дисциплината и слободата на уметничкиот израз. 

– На изложбата ќе бидат претставени дела на студенти од сите четири години на Катедрата по графика и трансмедиумски практики, како и студенти од вториот циклус на студии на истата катедра. Преку класични и експериментални графички техники, посетителите ќе можат да се запознаат со различни уметнички пристапи, лични поетики и креативни истражувања на младите автори, велат од ФЛУ.

Реклама

Како што се наведува, малиот формат не е ограничување, туку творечки предизвик што ги обединува процесите на учење, експериментирање и индивидуално изразување. Изложбата има за цел да ги афирмира изразните потенцијали на малиот формат во современата ликовна практика и да покаже дека токму во малото често се крие најголемото влијание.

Изложбата ќе биде отворена за посетители секој работен ден од 8 до 17 часот, до 15 февруари 2026 година, и е од продажен карактер. Организаторите информираат дека проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура и туризам на Македонија.