Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Прилози

Стружани бараат да се прогласи кризна состојба во општината затоа што водата уште не е безбедна за пиење

После еден месец, стружани добија чиста вода за пиење, ама од цистерна.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После еден месец, стружани добија чиста вода за пиење, ама од цистерна. Јавното водоводно претпријатие конечно обезбеди 4.000 литри вода, која се дистрибуира на неколку локации во градот, сè додека таа не биде исправна за користење. Граѓанските активисти бараат да се прогласи кризна состојба во Струга.

„Две дечиња имам малечки, од чешма ги капам, ги перам, сè од чешма. На малото го боли стомачето, го носев на лекар, ми рече не му давај вода, купувај. Од каде ќе купувам, со една плата живеам, со 8.300 ден. И покрај забраната, ти ја користеше водата? Да. Сега и да правиш манџа не е убаво, не е чиста водата, и да се капиш не е убава водата, како песок е. Подземна чешма во село Мислешево има убава и таму полнев боци, се снајдов. Цел месец, каде се стружани да станат да се бунат? Мислам дека и порано требаше да има ваква акција за малку да им се олесни на граѓаните“, велат стружани.

Вода се носи од Охрид, а цистерната, која е добиена со странска донација, набрзина ја регистрирале вчера. Ако затреба, ќе се обезбеди уште една цистерна.

Реклама

„Граѓаните со право реагираат и нивните забелешки беа многу оправдани. Но, за жал, ситуациите кои што се таложеле 20 години, руинираноста на системот на јавните претпријатија, не ни даде можност да реагираме побрзо. Зошто? Бидејќи ние немавме оспособени возила“, вели Јованчо Мечкароски, директор на Ј.П. „Водовод“.

Недостатокот на безбедна вода за пиење веќе не е краткорочен технички проблем, туку сериозна и продолжена криза која директно го засега здравјето и основните услови за живот на граѓаните, гласни се граѓанските активисти.

„Сметам дека во конкретниов случај исполнети се сите законски услови Владата да може да предложи кризна состојба на територија на Општина Струга и на овој начин да го централизира координирањето на сите надлежни институции во решавање на проблемот“, вели Глигор Ќато, адвокат.

Градоначалникот веќе најави рестрикции доколку загадувањето на водата продолжи да варира. Тоа ќе претставува сериозен проблем и градот ќе се соочи со недостиг на вода, бидејќи изворите од Шум нема да се користат сè додека таму не се изврши санација на теренот.

И покрај спорот околу цената на тутунот, договорите сепак се потпишуваат.