Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Стоматолошка комора: Комората веднаш ќе ги почне законски определените дејствија почитувајќи ја пресудата на судот

Точно е дека постои пресуда на Управен суд со која е поништена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Точно е дека постои пресуда на Управен суд со која е поништена верификацијата на мандатите на делегатите на сегашниот состав во  Комората, се наведува во денешното соопштение на Стоматолошката комора.

Стоматолошкатa комора на Македонија ја доби денеска, пред некој час, и за почеток знаеме само дека согласно пресудата потребно е Комората, односно Верфикационата комисија следејќи ги напатствијаита на Судот да донесе одлука односно пресудата ја враќа постапката назад на повторно одлучување на телата на Комората.

Комората, секако, уште веднаш ќе ги започне законски определените дејствија почитувајќи ја пресудата на судот.

Реклама

Загрижените колеги би требало сериозно да размислат за нивните постапки зошто на овој начин претендирајќи на незаконското преземање на Комората можно е да се отвори “Пандорината кутија” што може да доведе до несогледливо штетни правни последици по комплетниот стоматолошки систем, за што е известена и Владата.

Околу прашањето за “нелегитимноста на претседателот согласно Статутот на Комората” сакаме да појасниме дека до избор на нов претседател, претходниот претседател најмногу година дена или до избор на нов претседател,  ја врши функцијата.

Во конкретниот случај, кога во Комората  сегашниот и претходниот претседател е исто лице, легитимноста на д-р Денковски сеуште не е спорна.

Околу прашањето за вработените во Комората точно е дека покрај други елементи кои ја детерминираат започнатата постапка се појавија индиции дека вработената Ф.К.  во периодот по одземањето на јавното овластување, како дел од службата на Комората за поддршка на Комисијата за постапување на министерот за здравство направила можни сериозни повреди кои можеби би можеле да направат штета на нашите членови, докторите на стоматологија.

Поради тоа покрената е постапка согласно Законот за работни односи и донесена е одлука за нејзино отстранување(суспендирање) од работното место до конечно утврдување на точноста на наводите и ќе се формира комисија што ќе го разгледа случајот по што ќе донесе одлука и воедно ќе го извести и министерот за здравство.

За сите останати прашања Комората е отворена и ќе излегува во пресрет на јавноста штитејќи ги интересите на стоматолозите.