Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Стојкоски: Цените во малопродажба благо растат, во големопродажба се враќаат на старо

Државниот пазарен инспекторат изминатиов период со полни раце работа.  За осум месеци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот пазарен инспекторат изминатиов период со полни раце работа.  За осум месеци инспекторите извршиле повеќе од 17.350 надзори, од кои 4.540 субјекти добиле прекршочни платни налози во вредност од околу 110 милиони денари. Главниот фокус на работата на инспекторите во последните три месеци во биле угостителските објекти.. од ДПИ велат дека од од 17-ти март до 15 јуни евидентирани се 1.713 надзори од кои 716 субјекти добиле прекршочни платни налози и 60 решенија за привремена забрана за работа. Најголем дел од прекршоците биле за немање на лиценци за работа.

 Во однос на цените на пазарите и таму се прават засилени контроли, директорот на ДПИ, вели дека по укинувањето на мерките за ограничување на маржите и замрзнување на цените, кое заврши на 30 април, се забележува умерен раст на цените во малопродажба, додека во големопродажба тие се враќаат на нивото од пред мерките.

Има умерено зголемување на цените на пазарите во малопродажба. Кај производите со најголем обрт зголемувањето се движи од 3 до 5%, додека кај производите за лична хигиена, бебешка храна и пелени цените се зголемени за 10 до 20%. Од друга страна, кај зеленчукот и овошјето има значителни намалувања, дури од 20 до 100%изјави Стојкоски.

Реклама

Анализата на ДПИ, направена пред десетина дена, е веќе доставена до Министерството за економија и труд. Таа е изработена врз основа на контроли спроведени кај над 100 субјекти и над 1.000 продажни места низ државата.

Од инспекторатот велат дека станува збор за обемна анализа која сега е во надлежност на Министерството за економија, и таму треба да се разгледа и да донесат соодветни заклучоци.