Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ  е повторно нападната од политичко-разузнавачкото лоби на СДС кое сега се заплетка во лаги

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во своето последно гостување на една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во своето последно гостување на една од националните телевизии, дискутираше за актуелната тема во јавноста деновиве, за скандалот со прислушкувањето за кое објасни дека СДСМ направиле државен удар со користењето на ресурсите  на АНБ и АР повеќе од пет години и тоа за политички и лични цели.

„Единствени коишто треба да бидат и се уплашени од ова се СДСМ и личностите коишто арбитрираат околу нив, особено поранешниот директор којшто сега гледавме дека дава панични интервјуа, бидејќи тие се тие коишто знаат што направиле и деликтите коишто се сторени. Ова е нешто кое се граничи со државен удар, бидејќи многу сериозни ресурси на АНБ и АР повеќе од пет години биле користени за политички и лични цели на личности коишто биле блиски до претходната власт“, објасни Стојаноски.

Стојаноски исто така запраша зошто досега јавниот обвинител и покрај сите докази нема објавено во јавноста дали е започната истрага, бидејќи постои оправдано сомневање дека и јавното обвинителство е вмешано во овој скандал.

Реклама

„Добро знаат од СДС дека прашањата коишто ги поставуваат на прес-конференции наместо на ВМРО-ДПМНЕ треба да му ги постават на Љубомир Коцевски и на ЈО и од таму да ги бараат одговорите. Јас не гледам ништо спорно  зошто јавниот обвинител досега не излезе за на прес конференција и да и каже на јавноста, дали има отпочнато истрага, предистрага бидејќи ова е скандал за којшто ние имаме сериозни сомневања дека можеби ЈО е вмешано во ова“, објасни Стојаноски.

На крај пратеникот потенцираше дека ова е четврти пат како политичката партија ВМРО-ДПМНЕ е мета на политичко разузнавање, и дека ова нема да помине како претходните случаи кои не резултирале со правда.

„Ова е четврти пат нашата политичка партија да биде нападната од еден триаголник на политичко разузнавачко бизнис лоби, можам да гарантирам дека ова мочуриште на овој триаголник ќе биде исушен и конечно овие луѓе ќе одговараат. Кој ја издал наредбата за да бидат оперативно вработувани овие личности, за кои цели, кој ги избрал личностите што треба да бидат следени, и каде завршувале тие информации? Нека не се лажат дека ова ќе помине како претходните случаи со ваков удар или упад во разузнавачките служби, овој скандал ќе биде расчистен до последниот одговорен“, дециден е Стојаноски.