Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Економија

Стојаноски: Бројки и факти наспроти кампањата на „економските експерти“ од СДСM

Неколку јасни бројки за “економските експерти” на СДСМ. Особено за тие кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неколку јасни бројки за “економските експерти” на СДСМ.

Особено за тие кои седум години водеа важни ресори во владата и ги координираа сите економски текови во Македонија и ја оставија убедливо закована на дното.

Зошто е важно на талогот да се одговара со факти и аргументи? Бидејќи стратегијата на тој талог е едноставна: креирање лажна кампања со тотално лажни и неточни тези и потоа создавање на хистерија која е далеку од вистината.

Реклама

Овие бројки нема да ги најдете во нивното комуницирање со јавноста. Во нивните пресови, статуси на социјалните мрежи.

Ајде да одиме со бројките сега:

Најновите официјални економски показатели покажуваат стабилизирање на цените и истовремено позитивни движења во реалната економија.

Според Државниот завод за статистика, инфлацијата во јули 2026 година е намалена на 2,3% на годишно ниво.

Трендот на месечно ниво е јасен: април – 5,7%, мај – 4,8%, јуни – 3,4%, јули – 2,3%.

Од априлскиот врв до јули годишната стапка е намалена за 3,4 процентни поени, односно стапката на инфлација е околу 60% пониска од априлската.

Во месец јули цените на храната и безалкохолните пијалаци се намалени за 1,1% во однос на јуни.

Од мајските 5,6% до јулиските 1,8%, стапката се намалила за 3,8 процентни поени.

И сето ова во услови на најголемата енергетска криза.

Најголемиот месечен притисок доаѓа од транспортот, каде што е регистриран раст од 4,4%.

Ајде сега да споредиме!

Особено значајна е споредбата со истиот период од 2022 година.

Во периодот март–јули 2022, просечната годишна стапка на инфлација изнесувала 12,34%.

Ова е периодот кога “економските експерти” од СДСМ ја водеа владата.

Во истиот период во 2026 година изнесува 4,22%.

Кај цените на мало односот е сличен: 12,10% во март–јули 2022, наспроти 3,88% во истиот период годинава.

Тоа значи дека просечната стапка на раст на цените денес е приближно трипати пониска во споредливиот период.

3 : 1 да биде посликовито прикажано.

Но она што е уште поважно е дека намалувањето на инфлацијата не е проследено со запирање на економската активност.

Напротив:

  • Извозот во првите шест месеци од 2026 година е зголемен за околу 8% на годишно ниво.
  • Индустриското производство во јуни бележи раст од 6,5%, а преработувачката индустрија раст од 7,9%.
  • Во првото тримесечје БДП порасна за 3,1% на годишно ниво.
  • Бројот на вработени е повисок во однос на истиот период минатата година, а стапката на невработеност е намалена од 11,7% на 11,3%.
  • Раст бележат и даночните и вкупните буџетски приходи, што дополнително ја потврдува зголемената економска активност.

Овие показатели треба да се гледаат заедно.

Инфлацијата се намалува. Извозот расте. Индустриското производство расте. Вработеноста расте. БДП расте. Приходите во Буџетот растат.

Секако, ценовните притисоци не се исчезнати и животниот стандард останува област на која мора постојано да се работи.

Намалувањето на инфлацијата не значи дека цените се вратени на старото ниво, туку дека нивниот раст значително забавува.

Токму затоа ќе продолжиме со политики насочени кон заштита на животниот стандард, поддршка на домашната економија, нови инвестиции, поголем извоз и отворање нови работни места.

Бројките покажуваат дека економијата се движи во позитивна насока.

Од растурена, испокрадена држава каква што ја оставија истиве “експерти” кои што сега делат совети во јавниот простор – создаваме економија која реално може да го подобри животот на граѓаните.

Нашата обврска е тој тренд да продолжи и граѓаните се повеќе да го почувствуваат во својот животен стандард.