Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Македонија

Стојаноска: На Скопје му треба градоначалник како кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓиевски е симбол на работа, чесност и посветеност

Пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во гостување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во гостување на една од националните телевизии зборуваше за кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Стојаноска истакна дека Ѓорѓиевски е профил на личност која му е потребна на Град Скопје, и е симбол на работа, чесност и посветеност.

„Во однос на нашиот кандидат Орце Ѓорѓиевски, сметам дека тоа навистина профил на личност којашто му е потреба на Градот Скопје, бидејќи изминативе четири години како е градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски е веќе симбол на работа, посветеност, на постојан контакт со граѓаните, на реформи коишто се навистина случени во Кисела Вода, таму нема жител којшто не е задоволен од она што Орце Ѓорѓиевски како градоначалник на оваа општина го покажа“, истакна Стојаноска.

Реклама

Пратеничката потенцираше дека Ѓорѓиевски е постојано на терен, достапен за сите граѓани, кој ќе направи препород за Скопје, и дека тоа ќе се види преку убедливата победа уште во првиот круг.

„Имавме партиски анкети, што телефонски што теренски сите не доведоа до тоа Орце Ѓорѓиевски официјално да биде наш кандидат. Постојан работник, постојано на терен, достапен за сите и мислам дека ќе направи буквално препород за Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе нема противкандидат или против тежа којашто може да ја загрози неговата убедлива победа уште во првиот круг“, рече Стојаноска.

Во врска со прашањето за обединувањето Стојаноска додаде:

„ВМРО-ДПМНЕ како партија уште пред една година повикуваше на обединување, но прашањето е од другата страна кој е ставот и со кого би требале да се обединиме, бидејќи Венко Филипче на националниот Совет за евроинтеграции и вчера во интервјуто кај вас кажува дека и после ова временска дистанца Венко Филипче ни тврди дека тоа било најдоброто можно решение за Македонија и кажува дека за ваквиот став се консултирал со Маричиќ, Димитров со Бујар Османи. Тоа се оние коишто ни ги нанесоа најголемите штети како држава, прашањето е со кого да се обединиме? Со Филипче којшто е дејуре лидер на опозицијата но дефакто е најголемиот бугарски ас на македонската политичка сцена“, децидна е Стојаноска.