Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Стоилковиќ со честитка по повод 2 август, Илинден – Денот на Републиката

Заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедници, Иван Стоилковиќ упати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедници, Иван Стоилковиќ упати честитка по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, како што посочи, еден од најдлабоко врежаните датуми во историската и колективна меморија на македонскиот народ и држава.

-Честувајќи го Илинден, денот кој нè обединува и инспирира, оддаваме почит на историските подвизи и вредносните темели врз кои се изгради идејата за слобода, правичност и заедништво. Денешниот Илинден нѐ потсетува на одговорноста која ја носиме – да ја чуваме и унапредуваме Републиката, да ги негуваме вредностите на единство, солидарност и разбирање, и да работиме за иднина во која секој граѓанин ќе се чувствува достоинствено и еднакво. Нека е честит 2 август, Илинден – Денот на Републиката! Нека неговата порака за единство, достоинство и визија за подобро утре биде наша водилка, се наведува во честитката од вицепремиерот Стоилковиќ и министер за односи меѓу заедниците.