Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Стоилковиќ: Министерството денес работи по закон – непродуктивните трошоци се намалени за 60%

На денешната панел-дискусија по повод една година влада, вицепремиерот и министер за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната панел-дискусија по повод една година влада, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, изјави дека при неговото доаѓање на функцијата, Министерството било во состојба со разрушени темели, и дека се работело надвор од правилата, прописите, законите и Уставот на нашата држава.

Првиот чекор, како што рече, бил усвојување стратешки план за стабилизација на меѓуетничките односи и создавање услови за економски развој.

„Од времето на претходниот министер до денес, во буџетот со кој јас управувам трошоците во Министерството се намалени за 60% или да го доближам тоа до граѓаните поблиску, заштеда на средства на граѓаните од 1,220.000 евра. Тоа значи дека сите непродуктивни трошоци се укинати, а неодговорното трошење повеќе не постои“, истакна Стоилковиќ.

Реклама

Тој додаде дека се работи на реорганизација на администрацијата, преземање на нераспоредените службеници и целосна деполитизација на процесите за распределба на средства за невладини организации.

„Наместо министерот да одлучува, сега тоа го прави комисија составена од претставници на речиси сите министерства“, рече Стоилковиќ, порачувајќи дека оставил уреден систем во кој „секој што ќе дојде после него ќе може веднаш да продолжи со работа“.