Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Стоилковиќ: Делото на Св. Климент биде наш аманет – да бидеме обединети како држава и да создаеме иднина во која традицијата и современоста живеат во хармонија

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ упати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ упати честитка по повод денешниот празник Св. Климент Охридски во која порачува дека делото на овој просветител не потсетува оти силата на едно општество лежи во знаењето, почитта и единството. 

– Во духот на неговата визија да продолжиме да го градиме нашето општество како заедница во која различностите се богатство, а повеќеетничката кохезија наша заедничка обврска и најголема вредност. Нека ни е честит празникот, нека е вечен споменот за свети Климент Охридски, чија мудрост и денес нѐ повикува кон заедништво и напредок, и нека неговата мисија и дело и понатаму останат наш заеднички аманет – да бидеме обединети како држава и да продолжиме да твориме иднина во која традицијата и современоста живеат во склад, наведува Стоилковиќ во честитката.