Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Стефковски: Со макотрпна работа општина Гази Баба покажа како се работи чесно, транспарентно и посветено

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обрати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обрати градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој истакна дека општина Гази Баба била затворена општина каде што наместо граѓаните да одлучуваат одлучувале поединци, како и дека општината имала голем број нерешени предмети и бесправно изградени објекти и дека истите тие се веќе решени, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Навистина јас начекав една затворена општина во којашто наместо граѓаните да одлучуваат три, четири луѓе од локалната самоуправа, голем број на нерешени предмети на граѓаните, предметите за легализација на бесправно изградени објекти, сите предмети коишто ја имаа комплетирано уредно својата документација се решени веќе во општина Гази Баба. Навистина покажавме дека како тим можеме да работиме поинаку, дека може да се работи чесно, транспарентно и посветено за доброто на секој еден граѓанин“, рече Стефковски. 

Стефковски истакна дека општината се посветила на комуналната и патна инфраструктура, дека се реализирани 670 проекти, подобрување во водоснабдувањето во руралните населени места, како и фокус на образованието. 

Реклама

„Особен фокус ставивме на комуналната инфраструктура и подобрување на патната инфраструктура , во изминатите четири години во општина Гази Баба се реализираа вкупно 670 проекти што е навистина за поздрав, од аспект на изградба на фекална инфраструктура изградивме вкупно 32 км фекална канализациона мрежа во неколку населени места, го подобривме водоснабдувањето во руралните населени места, асвалтиравме и поплочивме вкупно 170 улици, една импозантна бројка, со макотрпна работа промените се веќе видливи, особено фокус во нашето инвестирање беше образованието, обезбедивме бесплатни униформи за сите 6800 ученици во основните училишта, доделуваме 5000 денари за секое новороденче, и 3000 денари за секое семејство коешто ќе има прваче на почетокот на учебната година“, дециден е Стефковски.