Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Економија

„Стандард и Пурс“ го задржа кредитниот рејтинг ББ- за Македонија

Потврда на фискалната и монетарната политика. Агенцијата за оценка на кредитен рејтинг…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потврда на фискалната и монетарната политика. Агенцијата за оценка на кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го задржа на исто ниво рејтингот на земјава на ББ- со стабилни изгледи. Тоа значи дека и покрај тоа што Македонија се соочува со економски предизвици, изгледите за развојот на економијата се стабилни.

Агенцијата нотира дека земјава се уште има низок надворешен долг и поднослив каматен товар. „Стандард и Пурс“ објаснува дека рејтингот може да се намали ако се влошат фискалните и надворешните показатели, ако се исцрпат девизните резерви или ако долгот и дефицитот нагло се зголемат. Подобрување на рејтингот може да има само ако се спроведат структурни реформи.

„Може да размислиме за подигнување на рејтингот доколку земјата постигне значителен напредок во спроведувањето на структурните реформи, што ќе доведе до посилна институционална рамка. Надградбата би можела да биде поддржана и со подобрени фискални перформанси, обележани со одржлив пад на нето долгот на општата влада и силен економски раст“

Реклама

Од Министерството за финансии велат дека агенцијата „Стандард и пурс“ ги потврдила напорите на Владата за забрзување на економскиот раст, сеопфатни реформи, зајакнување на административните капацитети, борбата со корупцијата и сивата економија, како и зајакнување на владеењето на правото. Објаснуваат дека и дека агенцијата очекува стапката на инфлација да остане во просек од 3,5% како резултат на растот на цените на храната.

„Во извештајот Агенцијата наведува дека главен приоритет на Владата е стимулирање на економскиот раст и постигнување стапки на раст до 5% преку реализација на големи инфрастуктурни проекти. Агецијата посочува и дека се вложуваат напори и за зајакнување на инвестициите, подобра наплата на даноците,  како и зголемување на пензиите и платите за поддршка на граѓаните. Притоа, посочуваат на потребата од спроведување засилена фискална консолидација“

Од Народната банка задоволни од тоа што „Стандард и Пурс“ оценува дека девизните резерви растат, банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата забавува. Во делот на отпорноста на економијата во справување со евентуални надворешни шокови, Агенцијата посочила дека во декември девизните резерви се зголемиле на околу 5 милијарди евра, главно како резултат на откупот на девизи од страна на Народната банка.

„Очекувањата на Агенцијата се дека тие ќе бидат стабилни и понатаму, меѓу другото поддржани и од странските директни инвестиции. Агенцијата посочува дека и покрај скорешните кризи, банкарскиот сектор е зајакнат, што се гледа и од историски високата стапка на адекватност на капиталот од 19% во третиот квартал од 2024 година и ниска стапка од 2,9% на нефункционалните кредити на крајот на ноември 2024 година“

„Стандард и Пурс„ го оценува кредитниот рејтинг на земјата два пати годишно. Нивото на кредитен рејтинг е еден од клучните фактори за потенцијалните инвеститори кога донесуваат одлуки за вложување во производствени капацитети во некоја држава.