Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претставници на ИНОВА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Даниела Димовска, директорка на новоформираната Агенција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Даниела Димовска, директорка на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА.

Како што соопшти претседателскиот Кабинет, таа ја запознала со стратешките приоритети, проекти и активности на Агенцијата. Според неа, современиот економски развој наметнува потреба од унапредување на националниот екосистем, зелените политики, намалувањето на загадувањето и управувањето со отпадот.

Претставниците на ИНОВА информирале за конкретните механизми на Агенцијата за поддршка на стартапите, за програмите за млади претприемачи, како и активностите насочени кон поттикнување на самовработувањето.

Реклама

-Соговорниците сметаат дека за креирањето на одржливи иновациски политики и пристап до нови пазари и знаења, потребна е интензивна меѓународната соработка, а особено вклучување на нашата дијаспора. Укажувајќи на важноста од стимулирање на иновациите како двигател на конкурентната економија, Сиљановска-Давкова упати на континуирано јакнење на партнерството меѓу јавниот и приватниот сектор, стои во соопштението.

За неа, додаваат оттаму, врската меѓу универзитетите, иноваторите и бизнис секторот, e круцијална претпоставка за практична примена на знаењето и развојот на нови технологии.

-Претседателката, им посака плодотворна и успешна работа, изразувајќи став дека инвестициите во нови технологии носат побрз економски раст, отворање квалитетни работни места и гарантираат повисок животен стандард на граѓаните, наведуваат од прес-службата на Кабинетот на претседателката.