Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Средба на министерот Дурмиши со швајцарскиот амбасадор Зомер: Фокус на инвестиции и економска соработка

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши остварил работна средба со амбасадорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши остварил работна средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава, Кристоф Зомер, на која биле разгледани можностите за продлабочување и унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји.

На средбата, како што информираа од Министерството за економија и труд, посебен акцент бил ставен на зголемување на трговската размена, поттикнување на швајцарските директни инвестиции, како и на унапредување на соработката во областа на одржливиот економски развој и креирањето нови работни места.

Министерот истакнал дека, и покрај добрите политички и дипломатски односи меѓу двете земји, постои значителен неискористен потенцијал за поинтензивна економска соработка, особено во производството, индустријата, иновациите и зелената економија.

Реклама

Во тој контекст, била нагласена важноста од промоција на поволната бизнис-клима во Македонија и можностите што ги нудат технолошко-индустриските развојни зони за странските инвеститори.