Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Средба на министерката Божиновска со Ана Дуковска и Валентина Дисоска – за поттикнување поголема застапеност на жените во енергетиката и во бизнис заедницата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска се сретна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска се сретна со Ана Дуковска, претседателка и ко-основачка на здружението „Јас сум Жена“- организација која има за цел да им помогне на жените да изградат силни професионални мрежи и да добијат менторство од искусни лидери и Валентина Дисоска, претседателка на Асоцијацијата на бизнис жени.

Трите соговорнички, информираат од Министерството за енергетика, жени со силна визија и резултати зад себе, разговараа за иницијативи кои ќе поттикнат поголема застапеност на жените во енергетиката и во бизнис заедницата, со заеднички заклучок дека е време повеќе жени да влезат таму каде што се носат енергетските и економските одлуки.

-Во Министерството ја поддржуваме секоја иницијатива која им дава простор и глас на жените во енергетиката. Овој сектор бара визија, знаење и храброст, а токму тоа жените го имаат. Време е нивната експертиза и лидерски потенцијал да бидат видливи и во енергетиката. Ние не бараме квоти, туку квалитет, изјави министерката Божиновска.

Реклама

Валентина Дисоска истакна дека поддршката од институциите е клучна.

-Особено е значајно што министерка како Сања Божиновска активно се вклучува во вакви иницијативи. Тоа е вистински пример како жените на позиции на одлука можат да отворат простор за другите, рече Дисоска.

Ана Дуковска додаде дека силните жени мора да работат заедно.

-Силните жени мора да се здружуваат и да работат заедно. Само така ќе изградиме поколение жени кои нема да прашуваат дали можат, туку ќе покажат дека можат, потенцира Дуковска.

Средбата заврши со согласност за натамошна соработка во рамки на конкретни програми и настани кои ќе ја зголемат видливоста и улогата на жените во енергетиката, иновациите и бизнисот.