Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Средба на Божиновска и Љатифи со претставници на KfW за енергетска инфраструктура и регионална поврзаност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и директорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и директорот на МЕПСО Бурим Љатифи денеска оствариле работна средба со претставници на германската развојна банка KfW, посветена на унапредување на соработката во делот на енергетската инфраструктура и регионалната интерконекција.

Како што информираат од Министерството за за енергетика, рударство и минерални суровини, на средбата било разговарано за неколку клучни проекти во партнерство со АД МЕПСО, кои се од стратешко значење за стабилноста и модернизацијата на електроенергетскиот систем.

-Подготовка на нов Правилник за мрежата (Grid Code) усогласен со новиот Закон за енергетика и Четвртиот енергетски пакет на ЕУ. Во рамки на ова, ќе се обезбеди техничка помош, а постапката за набавка ќе биде спроведена според процедурите на KfW. Интерконектор Северна Македонија – Косово (400 kV): како прв чекор, ќе се изработи прет-физибилити студија која ќе ги опфати потенцијалните траси и еколошките аспекти. За ова е договорена заедничка апликација до WBIF за техничка помош и понатамошна поддршка на проектот. Јакнење на електропреносната мрежа со приоритетни линии: 110 kV Струја – Куманово – Крива Паланка, 400 kV Штип – Радовиш – Струмица – Петрич/Сандански (Бугарија), посочуваат од Министерството.

Реклама

Соговорниците ја потврдиле заедничката заложба за продолжување на билатералните средби и за убрзување на процесите со цел обезбедување сигурен и модерен електроенергетски систем, подготвен да го апсорбира растот на обновливите извори на енергија.

-Регионалното поврзување и модернизацијата на електропреносната мрежа се предуслов за стабилен и сигурен енергетски систем. Соработката со KfW е значаен поттик за реализација на проекти што ја зајакнуваат позицијата на Северна Македонија во европската енергетска мапа и го поддржуваат енергетскиот транзициски процес, изјавила Божиновска.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини посочуваат дека и натаму ќе работи на забрзување на стратешките инвестиции во енергетиката, во партнерство со меѓународните финансиски институции и домашните енергетски компании.