Реклама

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Македонија

Сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов: Никогаш не би дозволил да фали нешто во клубот каде се собираат сите млади и моите деца

До ден денеска се чудам и сѐ уште не можам да поверувам…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До ден денеска се чудам и сѐ уште не можам да поверувам што се случи таа вечер. Цели девет месеци сум затворен во четири ѕида и секојдневно ја преживувам таа трагична ноќ. Јас како човек и како родител, во клуб каде што се собираат сите млади и моите деца, никогаш не би дозволил да фали нешто, изјави сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, во воведните зборови на денешното рочиште во судницата во Идризово.

Јованов, кој претходно изјави дека не се чувствува виновен, изрази сочувство, дополнувајќи дека ја познава болката и тагата на починатите и нивните блиски, бидејќи и тој, како што рече, има починат член од фамилијата.

-Во тој клуб имаат пораснато десетици генерации, сите кои ме познаваат добро знаат како се грижев за безбедноста на сите гости. Од срце и од душа сакам да изразам сочувство на сите починати лица, а на повредените опоравување, затоа што ја знам нивната болка и тага – и ние во нашата фамилија имаме починато и повреден член и ја носиме истата болка како и вие, дополни тој.

Реклама

Јованов праша зошто е обвинет и неговиот син, Михајло Јованов.

-И уште едно не ми е јасно – зошто Михајло е обвинет, затоа што тој немаше никакви допирни точки со работата на клубот. Тој си имаше своја фирма за дистрибуција и си ги работеше неговите работни обврски. Благодарам на можноста да се искажам, рече Јованов.

Пред неговото излагање, збор зема и неговата бранителка, Ивана Коцевска, која истакна дека обвинетиот е неправедно товарен со институционални пропусти.

-Обвинетиот е обичен човек на кој му се става на товар институционален пропуст. Дејан е човек, а не монструм, ниту тој, ниту кој било човек на планетава би посакал да се случи тоа што се случи, но за жал, се случи и ни ја тресна од глава дисфункционалноста на целокупниот систем. Трагедијата е резултат на нефункционалниот систем, рече Коцевска.

Таа додаде дека одбраната ќе му ги разјасни на судот сите нејасни дејствија опишани во обвинителниот акт.

-Со ова не велам дека не постои одговорност – одговорност мора да има – но со предметниот обвинителен акт апсолутно не можеме да најдеме одговорност. Во ниту еден случај не смееме да дозволиме траорната последица однапред да огласува вина, дополни Коцевска.

Бранителката посочи дека Јованов може евентуално да одговара за кривично дело од небрежност, но не и со умисла, додавајќи дека пиротехниката не била пријавена кај него и дека за сите претходни употреби секогаш ангажирал стручно лице – пиротехничар.

Претходно, сите обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар. Дел од нив упатија сочувство кон семејствата на жртвите и нагласија дека го разбираат обвинението, но, не признаа вина за „тешки дела против општата сигурност“.

Судењето продолжи со воведен збор на бранителот на обвинетиот сопственик на ММММ Кафе, Митко Стојанов и обезбедувачот Стојанчо Димитриев.

Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.

На обвинителна клупа седнаа 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници