Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Сончогледовите полиња пак ќе ја красат Mакедонија: Субвенциите ги враќаат заборавените маслодајни репки

Маслодајните култури полека се враќаат на македонските полиња, но се уште сме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Маслодајните култури полека се враќаат на македонските полиња, но се уште сме многу далеку за нашата држава повторно го врати приматот што некогаш го имала во производството на афион, лен или маслодајна репка. Високата цена на маслото во изминатиот период, но и добрите субвенции повторно го „воскреснауваат„ сончогледот на нивите.

„Ние колку и да ги зголемуваме површините, многу тешко дека ќе можеме да ги заоволиме нашите потреби. Гледаме дека на рафтовите имаме увоз од разни држави, посебно од Србија, но добро е тоа што се најде слух од страна на државата, да се зголемат субвенциите“ изјави проф. Љупчо Михајлов, од Земјоделскиот факултет при УГД-Штип.

Според проф.Михајловски, земјоделците треба да се насочат кон порана сеидба на сончогледот,бидејќи како што објаснува, растението може да издржи ниски температури. Најдобро е да се сади во март и да се користат високо квалитени хибриди.

Реклама

„За сончогледот, важно е да се сади во март, за да го развие кореновиот систем на поголема длабочина. Понатаму и да настанат пролетни суши да не страда за вода, но и да обезбеди моќност на растението„ изјави проф. Љупчо Михајлов, од Земјоделскиот факултет при УГД-Штип.

Проф. Михајлов, советува дека во Овчеполието е ризично да се се сади сончоглед, но земјоделците, би требало да обратат поголемо внимание и на културите лен и маслодајна репка, кои успешно може да се одгледуват на нашите полиња.

Според податоците на Државниот завод за статистика  најголем рекорд на засеани површини имало во 1989, кога под оваа култура биле покриени 46.000 хектари , а во 2014 само 4000хектари. Драстичниот пад на сончогледовите полиња се должи на лошите аграрни политики, како ниските откупни цени во минатото.