Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Македонија

Социјалистичка партија: Денешниот празник претставува инспирација за единство и непоколебливост во одбраната на нашето духовно наследство

Делото на Светите браќа Кирил и Методиј е нашата писменост и нашиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делото на Светите браќа Кирил и Методиј е нашата писменост и нашиот идентитет. Тоа е милениумската црвено-црна нишка со која го чуваме македонскиот јазик како најскапоцен дар со кој, како ретко кој народ, со гордост го носиме знаењето и просветителството. Делото на Светите солунски браќа е нашиот македонски цивилизациски код и најсилниот доказ за нашиот вкоренет идентитет на овие простори. Затоа што писменоста што ни ја дадоа е нашето најмоќно оружје во зачувувањето на македонскиот јазик и култура, на нашата посебност и различност од другите и оние непосредно околу нас, се вели во честитката од Социјалистичката партија на Македонија.

– Денес, прославувајќи го делото на рамноапостолните браќа Кирил и Методиј, го славиме почетокот на просветителството кое ги обедини народите на Европа, на кои токму ние им ја подаривме писменоста. Денес со блиските на нас несебично ја споделуваме големина на нашите браќа, но и жестоко се противиме на неприродното и безочно присвојување од другите до нас, на кои пред милениуми при очи им подаривме описменет вид. Овој голем празник претставува инспирација за единство и непоколебливост во одбрана на нашето духовно наследство, порачува Социјалистичката партија по повод Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Партијата наведува дека Македонија како современа држава продолжува по патот на знаењето и прогресот, грижно чувајќи го и почитувајќи го сопственото минато додека ја гради својата иднина, очекувајќи го основното човечко почитување.

Реклама

– Водени од светлината на просветителството потребно е уште повеќе да работиме заедно за подобра иднина на нашите млади луѓе. Затоа што само со образование и знаење ќе успееме да обезбедиме напредна и силна држава за сите граѓани, истакнува Социјалистичката партија.