– Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за европски прашања и Законодавно-правната комисија.
Пред членовите на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за ратификација на Третиот протокол кон Општиот договор за привилегии и имунитети на Советот на Европа и Предлог на законот за изменување на Законот за надворешни работи во прво читање.
Како што се посочува во собраниската веб-страна, уставната основа за донесување на Предлог на законот за ратификација на Третиот протокол кон Општиот договор за привилегии и имунитети на Советот на Европа се предлага е содржана во член 68 став 1 алинеја 6 од Уставот на Македонија според кој, Собранието на со закон ги ратификува меѓународните договори на Македонија.
-Постапувајќи согласно Одлуката за пристапување на Македонија, Третиот протокол кон Општиот договор за привилегии и имунитети на Советот на Европа, усвоена од Владата на МК и објавена во Сл.весник на Македонија број 14/2026 година од 29 мај 2026 година, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го подготви предлогот на закон за ратифицаја на овој Протокол. Третиот протокол кон Општиот договор за привилегии и имунитети на Советот Европа, бил усвоен во Стразбур на 06 март 1959 година а стапил во сила на 15 март 1963 година. Истиот на почеток бил отворен за потпишување за државите членки на Банката за развој на Советот на Европа а подоцна станува отворен за пристапување на новите држави членки на Советот на Европа и на Банката за развој на Советот за Европа. Третиот протокол содржи одредби во врска со Фондот за социјален развој на Советот на Европа кој на 1 ноември 1999 година го промени своето име во Банка за развој на Советот на Европа – се вели во образложението објавено на собраниската веб-страна.
Банка за развој на Советот на Европа е мултилатерална финансиска институција основана во 1956 година од страна на 8 земји членки на Советот на Европа со примарна социјална цел инвестирање во проекти кои ја зајакнуваат социјалната кохезија, го подобруваат животниот стандард и градат отпорна Европа. Маледонија станала земја член на ЦЕБ во 1997 година и на тој начин се стекна со правото да се задолжува кај оваа финансиска интостуција.
-Третиот протокол, е меѓународен договор чија цел е да го уреди правниот субјективитет на Банката, правниот третман на имотот, средствата, трансакциите и активностите кои ги спроведува Банката за равој на Советот на Европа ЦЕВ во државите членки, како и правниот статус на нејзините органи и службани лица. Во Третиот протокол се предвидува дека имотот и средствата на Банката, уживаат имунитет од каква било форма на запленување, привремено одземање или извршување во државите членки на Банката се додека не биде донесена конечна пресуда против Банката, без оглед на тоа каде се наоѓаат и кај кого и да се во сопственост. Исто така имотот и средствата на Банката, каде и да се наоѓаат и кој и да управува со нив, се имуни од претрес, реквизиција, конфискација, експропријација или која било друга форма на заплена преку извршно или законодавно дејствување – се посочува во Предлог на законот за ратификација на Третиот протокол кон Општиот договор за привилегии и имунитети на Советот на Европа.
Целта на Предлог на законот за изменување на Законот за надворешни работи во прво читање, поднесен од пратеникот Сали Мурати од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија дел од „Европскиот фронт“, е отстранување на уставно спорното ограничување според кое државјаните на Република Северна Македонија со повеќекратно државјанство се апсолутно исклучени од можноста да бидат именувани за амбасадор или генерален конзул.
-Основното решение се состои во бришење на зборот „само“ во член 36 став 1 алинеја 1 и во член 49 став 1 алинеја 1 од Законот за надворешни работи, со што условот за именување останува „да е државјанин на Македонија“, без притоа да се исклучуваат државјаните кои дополнително поседуваат и државјанство на друга држава. На овој начин, се почитуваат уставните начела на еднаквост (член 9), правото на учество во вршење јавни функции (член 23) и достапноста на секое работно место под еднакви услови (член 32 став 2), а истовремено се задржува условот кандидатот да биде државјанин на Македонија, со што не се доведува во прашање суверенитетот на државата ниту нејзиниот легитимен интерес за лојално и одговорно претставување во странство.
На дневен ред на Комисијата за европски прашања е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, во прво читање. Основни цели на Предлогот на законот за животната средина е транспонирање на Директивата 2014/52/ЕУ со што ќе се зајакне квалитетот на постапката за оцена на влијание врз животната средина односно ќе се осигура дека заштитата на животната средина е подобрена, ефективноста на ресурсите е зголемена и одржливито развој е подржан.

