Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Се чисти патеката од Стар до Нов Дојран со нова механизација

Општина Дојран почна со расчистување на вегетацијата покрај пешачката патека од Стар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Дојран почна со расчистување на вегетацијата покрај пешачката патека од Стар кон Нов Дојран, со новата механизација која ја доби минатата недела.

Како што информираат од Општината, ќе се расчистуваат сите делови каде што обраснатото зеленило ја покрива пешачката патека, а ќе се работи и долж кејот во правец кон границата со Грција.

– Целта е Дојран да се одржува во текот на целата година, а не само во екот на туристичката сезона. Затоа новата механизација веднаш е вклучена во погон, и без чекање, започнавме со конкретни активности за уредување и одржување на Дојран, велат од Општината.

Реклама

Истовремено, општинските власти го санираа и дефектот со истекување на вода во градскиот парк во Стар Дојран. Според општинарите, во следниот период ќе се чистат и уредуваат и останатите населени места на подрачјето на општината.

Општината ја доби новата механизација за одржување на јавните површини со поддршка од Министерството за локална самоуправа, во вкупна вредност од 4.000.000 денари, а во неа спаѓаат трактор, хидрауличен мулчер, мулчер со кардан, косилка, приколка и мини багер.