Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Вевчани со нова инфраструктура, модерна механизација и подобри услуги за граѓаните

Општина Вевчани во изминатата година реализираше значајни инфраструктурни и комунални проекти со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Вевчани во изминатата година реализираше значајни инфраструктурни и комунални проекти со кои се подобруваат условите за живот на граѓаните и се создава поуредна, побезбедна и пофункционална општина, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во патната инфраструктура, во соработка со Министерството за транспорт, обезбедени се средства за целосна реконструкција на четири локални улици во должина од околу 5 километри. Паралелно, реконструирано е и уличното осветлување, со поставување подземна инсталација и нови канделабри.

Во текот на годината се реализираа и повеќе активности за уредување на јавните површини, пешачките патеки и пристапните патишта, како и изградба на бетонски канали за наводнување.

Реклама

Вевчани доби и бесплатен интернет во централното подрачје преку проектот „Wi-Fi за Западен Балкан“, реализиран во соработка со GIZ.

Значајни вложувања се направени и во развојот на туризмот. Реконструиран е дел од осветлувањето во локалитетот „Вевчански извори“, а активностите за целосно обновување продолжуваат. Воедно, продолжи и традицијата на манифестацијата „Вевчанско лето“, со која се збогатува културната и туристичката понуда на општината.

Со средства од општинскиот буџет е уреден и дворот на детската градинка, со проширување на пристапната патека, изградба на потпорен ѕид, поплочување и обезбедување дополнителни паркинг места, како и поставување нова ограда, клупи и корпи за отпадоци.

Особено значајни се инвестициите во капацитетите на Јавното комунално претпријатие. Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион обезбедени се нова специјална машина за одржување на канализациониот систем и хидрауличен мини-багер.

Дополнително, обезбедени се 850 канти за комунален отпад, со што секое домаќинство во општината доби бесплатна канта. Во рамките на регионалниот проект за управување со цврст отпад обезбедено е и ново специјално возило за собирање отпад.

Општина Вевчани продолжува со реализација на нови инвестиции, со фокус на инфраструктурата, комуналните услуги, туризмот и создавањето подобри услови за живот.