По повод одбележувањето 25 години од постоењето на СОС Детско село Македонија, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, присуствуваше на свечениот јубилеен настан во рамки на кој ја прими и јубилејната плакета доделена на Општината како признание за успешната соработка и значајниот придонес во остварувањето на мисијата на СОС Детско село Македонија.
-Честитки за 25 години посветена и успешна работа, грижа и поддршка за децата. Ниту едно дете да не расте само, објави Општина Карпош.
Настанот се одржа под покровителство на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, а беше посветен на мисијата, резултатите и значењето на СОС Детско село во изминатите 25 години, претставени преку песна, игра и уметничка програма, стои во соопштението на Општина Карпош.

