Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Панел-дискусија: Најсовремената медицина, вештачката интелигенција и роботиката можат значително да го подобрат животот на лицата со церебрална парализа

Здружението „Мобилност Скопје”, со поддршка од Град Скопје, во ДХО „Даре Џамбаз”,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението „Мобилност Скопје”, со поддршка од Град Скопје, во ДХО „Даре Џамбаз”, синоќа со панел-дискусија го одбележа Меѓународниот ден на лицата со церебрална парализа – 6 Октомври.

На панел дискусијата зедоа учество проф. д-р Соња Бојаџиева, педијатар и редовен професор на Катедрата за педијатрија при Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Илија Кировски, специјалист педијатар и вонреден професор на Универзитетската клиника за детски болести, проф. д-р Филип Дума, повеќе други стручњаци во својата област, како и претставници на повеќе здруженија што ги застапуваат граѓаните со церебрална парализа. На средбата свое излагање имаше и министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

– За брзо време, во рамките на Министерството, целосно го менуваме концептот. Во таа смисла ќе следи и класификација на лицата со попреченост, во контекст на оној Закон за проценка којшто в година треба да стапи во сила и ќе биде олеснителна околност за овие наши граѓани кои денес одат на повеќе комисии трошејќи средства, време, и сѐ тоа ќе биде минато. Тоа значи целосна унифицираност, изјави министерот Велковски.

Реклама

Според него, се работи и на решавање на статусот на лицето со попреченост кое навршувајќи 26 години, сега губи голем дел од она што му следува дотогаш, што многу често предизвикува проблеми – лични, семејни итн. Се покрена и прашањето за личните и образовните асистенти, кои, според повеќемина присутни, како и за министерот, во овој миг недостасуваат во голем број.

Владината претставничка, од друга страна, најави отчетност за министерствата и другите органи на власта, коишто треба да ја преточат Конвенцијата за правата на лицата со попреченост – во конкретни мерки и реални придобивки. Според неа, македонската Влада од годинава ги задолжува надлежните тела на месечни, двомесечни или тримесечни извештаи за преземените обврски.

– Денот на лицата со церебрална парализа денес се чествува под мотото „Единствени и обединети“. Секоја приказна е уникатна, но сите сме обединети во борбата за свет без препреки. Но, денеска се слави и разновидноста, индивидуалноста, единственоста и уникатноста на секое лице со церебрална парализа, нормално – и на нивното семејство, бидејќи сите тие заедно се соочуваат со предизвиците, посочи Бранимир Јовановски – претседател на Сојузот на здруженија на лица со попреченост „Мобилност Македонија“

Д-р Илија Кировски посочи дека современата медицина и технологија овозможуваат сѐ поделотворни мултидисциплинарни третмани и рехабилитација, пред сѐ – за децата, но и повозрасните лица со попреченост. Д-р Соња Бојаџиева и д-р Филип Дума се согласија дека пристапот мора да биде мултидисциплинарен и мултисистемски – секако преку новите медицински достигнувања, помогнат од најсовремената технологија, вештачката интелигенција и роботиката.