Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Собраниска делегација во Меѓународна мисија за набљудување на парламентарните избори во Молдавија

 Делегацијата на Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), предводена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Делегацијата на Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), предводена од Моника Зајкова, со членовите Никола Мицевски и Мимоза Муса, како и шефицата на Делегацијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ) Марија Петрушевска, учествува во Меѓународната мисија за набљудување на парламентарните избори во Молдавија, што се одржуваат на 28 септември 2025 година.

Мисијата на ПС на ОБСЕ се состои од повеќе 100 парламентарци од 34 земји на ОБСЕ, кои се распоредени за набљудување на изборите во Кишињев и околината, Анени Нои, Балци, Басарабеаска, Комрат, Каушени, Леова, Орхеј, Сорока, Резина и др. Специјален координатор на краткорочната мисија на ОБСЕ за набљудување на изборите во Молдавија е Паула Кардозо, пратеничка од Португалија, а шеф на набљудувачката мисија на ПС на ОБСЕ е Линеа Викман, пратеничка од Шведска. Мисијата на ПС на СЕ, предводена од Крис Саид, пратеник од Малта, брои 25 пратеници.

Како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, набљудувачите на ПС на ОБСЕ и ПС на СЕ тесно соработуваат со експертите и набљудувачите од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОБСЕ/ОДИХР), на чело со шефицата на Мисијата Џилијан Стирк (Канада) и со Мисијата на Европскиот парламент, предводена од европратеникот Михаел Галер (Германија).

Реклама

Во пресрет на изборите, набљудувачите учествуваа на дводевни сеопфатни брифинзи со високи претставници на политичките партии и коалиции што учествуваат на изборите, со независни кандидати за пратеници, со шефот и долгорочните набљудувачи на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, како и со претставници на изборната администрација, на граѓанските организации, на медиумите, аналитичари и експерти.

Меѓународната мисија за набљудување на парламентарните избори во Молдавија треба да процени дали изборите се спроведуваат согласно демократските заложби содржани во Копенхашкиот документ на ОБСЕ од 1990 година, кои вклучуваат, меѓу другото, слободно гласање, фер и слободна атмосфера на кампањата, еднаков пристап до медиумите и точно известување за резултатите. Наодите на набљудувачите ќе бидат анализирани и вклучени во Изјавата со првични наоди и заклучоци, која ќе биде претставена на Заедничката прес-конференција на Меѓународната мисија за набљудување на изборите во Молдавија, што ќе се одржи на 29 септември 2025 година во Кишињев и ќе се пренесува во живо на веб-страницата на ПС на ОБСЕ (www.oscepa.org).