Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Собранието по паузата ќе ја почне расправата по Предлог-одлуката за прераспределба на буџетските средства

Собранието по еден час пауза ќе ја почне расправата по Предлог-одлуката за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието по еден час пауза ќе ја почне расправата по Предлог-одлуката за прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.

Пауза побара координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, кој процедурално се јави за збор. Рече дека им е потребно уште малку време во однос на Предлог-одлуката која вчера била доставена до Собранието, а веќе денеска, како што нагласи, е ставена на пленарна седница.

-Имаме одлука за прераспределба на финансиските средства што вчера ја добивме, а денеска се закажа седницата веднаш. Имаме потреба од дополнително време, барам еден час пауза, истакна Спасовски.

Реклама

Расправата по Предлог-одлуката за прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите е во рамки на 74. седница. Како што се наведува во Предлог-одлуката, целта е соодветна реалокација на средствата помеѓу буџетските корисници со цел финансирање на приоритетните потреби на буџетските корисници во функција на подобрена реализација на Буџетот за 2025 година.