Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Собранието ќе ја одржи новата 67. седница

Собранието денеска ќе ја одржи новата 67. седница, на чиј дневен ред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска ќе ја одржи новата 67. седница, на чиј дневен ред се вкупно 23 точки.

Пред пратениците по скратена постапка се Предлог на законот за дополнување на Законот за работните односи, Предлог на законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, Предлог на законот за дополнување на Законот за домување, Предлог на Законот за државна поддршка при купување на прв дом за млади, Предлог на законот за ваучер за неформална детска грижа, Предлог на законот за изменување на Законот за проспекти и обврски за транспарентност за издавачите на хартии од вредност, Предлог на законот за изменување на Законот за решавање банки, Предлог на законот за изменување на Законот за финансиски инструменти, Предлог на Законот за средно полициско училиште, скратена постапка и Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина.

На дневен ред на седницата на прво читање се Предлог на законот за изменување на Законот за исплата на платите во Македонија, Предлог на законот за дополнување на Законот за задругите, Предлог на законот за изменување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, Предлог на законот за изменување на Законот за јавните претпријатија, Предлог на законот за дополнување на Законот за стопанските комори, Предлог на законот за изменување на Законот за вработување на инвалидни лица, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за странци, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Предлог на законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, Предлог на законот за задолжување на Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност и Предлог на законот за контрола на индустриски емисии (*) – Прво читање.