Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Со вештачка интелигенција, дигитализација и меѓународни стандарди до поефикасни сметководствени услуги

Сметководството да ги следи глобалните трендови и да се дигитализира. На Втората…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сметководството да ги следи глобалните трендови и да се дигитализира. На Втората регионална конференција, од Институтот на сметководители велат дека овој процес мора да биде пропратен со нов софтвер во државните институции кадешто се доставуваат извештаите. Воведувањето на вештачката интелигенција во овие процеси, новите алатки за обработка на голем обем на податоци, можностите за советување при управувањето со финансии треба да ги привлечат младите повеќе да се заинтересираат да станат сметководители – велат од Институтот на сметководители.

Инаку, Институтот се соочи и со обвинувања од страна на дел од сметководителите кои критикуваа дека неосновано им биле одземени лиценци, дека се фаворизирале одредени консултантски куќи за вршење обуки, дека поскапувала членарината, без подобрување на услугите што ги добиваат. Од Институтот велат дека сите постапки биле согласно законските регулативи.

Инаку дел од сметководителите имаа и протест во февруари пред Министерството за финансии, на кој се појави и министерката. Таа тогаш рече дека остварила средба со двете страни. Дури 3.000 сметководители беа времено избришани од регистарот поради што не можеа да ги потпишуваат годишните сметки за 2024 година. Експресно беа донесени измени на Законот за вршење сметководствени работи, со кои овластените сметководители на кои им е изречена дисциплинска мерка од Институтот за времено бришење од регистрите поради неисполнета обврска за континуирано професионално усовршување, можат да продолжат да вршат сметководствени работи, а неисполнетите часови за обуки да ги завршат до крајот на 2026-та година.