Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Со какви предизвици ќе се соочи новиот гувернер на Народна банка?

Претседателката Гордана Силјановска Давкова се уште не пресекла за нејзиниот избор за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Силјановска Давкова се уште не пресекла за нејзиниот избор за нов гувернер на Народната Банка. Првиот човек на Собранието Африм Гаши потврди дека таков предлог се уште не пристигнал во законодавниот дом. Со оглед на тоа дека останува уште една седмица до истекот на мандатот на актуелната гувернерка Ангеловска Бежоска, тој рече дека веднаш штом ќе биде доставен предлогот од претседателката, тој ќе биде ставен на гласање пред пратениците.

Ангеловска Бежоска ќе ја извршува функцијата се до изборот на нов гувернер иако нејзиниот мандат официјално треба да заврши на 22-ри мај.

Закон за Народна банка , член 55

Реклама

„Мандатот на член на Советот кој е избран во периодот пред истекот на мандатот на постоечки член на Советот започнува по истекот на мандатот на постоечкиот член на Советот.

Член на Советот на кој му истекол мандатот, до именување на нов член, ги има истите овластувања и ги извршува истите задачи утврдени со закон“

Кадровското решение за гувернер на Народната банка е еден од најважните избори за економската иднина на Македонија. 7 години додека му трае мандатот, гувернерот има надлежности во одржување на курсот на денарот, нивото на девизни резерви, стабилизирање на инфлацијата, контролирање на портфолиото на деловните банки. Ова е особено важно во моменталното нестабилно глобално окружување, во период на континуирана инфлација и раст на трошоците за живот.

Токму во ваков период работеше се уште актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска која има право на реизбор. Меѓународните финансиски институции ја пофалија како маневрирала со монетарната политика кога инфлацијата достигна двоцифрена бројка.

„Инфлацијата беше сведена на ниско едноцифрено ниво, девизните резерви беа зголемени за околу 40% во однос на претпандемиското ниво, а стабилноста на банкарскиот систем  зајакната со постигната највисока адекватноста на капиталот во изминативе две децении“ – велат од Народната банка.

Меѓу најсериозните кандидати за прв човек на Народната банка во јавноста се спомнуваат поранешните министри за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славески, како и поранешната Вицегувернерка на Народната Банка, Маја Кадиевска Војновиќ, но и актуелната гувернерка Ангеловска Бежоска.