Реклама
Балкан

Снег и силни ветрови ја парализираа Грција: Затворени училишта, стопиран поморски сообраќај

Поради обилни снежни врнежи, ниски температури и силни ветрови, училиштата во Грција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради обилни снежни врнежи, ниски температури и силни ветрови, училиштата во Грција денеска ќе бидат затворени во неколку региони, некои линии на траектите ќе бидат суспендирани, а поради бурните ветрови, на сила е и забрана за бродови што излегуваат од пристаништата Пиреја, Рафина и Лаврио, објавија грчките власти.

Министерството за образование објави дека наставата ќе се одвива од далечина, секаде каде што е можно, поради лошите временски услови и најавата за нивно влошување, објавува Катимерини.

Сите основни и средни училишта во областа на Атика, како и градинките во Атина ќе бидат затворени денес, а училиштата ќе бидат затворени и во областите на Ахаја и Ајтолоакарнанија.