Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Славески: Очекуваме комерцијалните банки да се придржуваат на одлуката на Народна банка за намалени каматни стапки за прво купување стан

Народна банка не ги утврдува каматите и стапките на кредитите и одлуката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народна банка не ги утврдува каматите и стапките на кредитите и одлуката е објавена во Службен весник. Банките имаат цели два и пол месеци за подготовка и очекуваме да се придржуваат на таа одлука од аспект на тоа што е во надлежност на Народна банка во регулирањето на учеството во однос на месечната рата на кредитот и она ограничување што се однесува на висината на сопственото учество и вредноста на имотот којшто станува залог, истакна гувернерот на НБРМ, Трајко Славевски во одговор на новинарско прашање.

Додаде дека Народна банка не е институција која ги определува каматните стапки, но рече дека укажуваат на една пракса во светот која се заснова на проценките на ризикот дека семејствата коишто за прв пат купуваат стан и живеат во него или куќа се помал ризик од аспект на сервисирање на обврските. Оттука, тие добивале поповолни услови насекаде во светот од страна на комерцијалните банки и тоа тој го очекува од нашите комерцијални банки.

На дополнително прашање каква е реакцијата на банките и дали се согласиле да е поевтина понудата за купување прв стан, Славевски одговори дека се уште нема ниту официјална, ниту неофицијална најва од страна на банките.

Реклама

-Немаме, треба да ги слушнеме, најверојатно прават проценки и пресметки. Немам ниту официјална, ниту неофицијална најава од страна на банките. Мислам дека се уште е рано, рече гувернерот.

На уште едно новинарско прашање дека банкарскиот сектор има една друга логика-што е поголемо учеството поповолни се кредитите, Славевски смета дека се е реалтивно.

-Еве земете вие сега ако можете со 10 илјади евра во денарска противредност за помал стан кој не мора да биде во центарот на Скопје и влезете во решавање на своето сопствено станбено прашање. Ако ви се потребни наместо 10, 20 илјади евра вие ќе треба да ги позајмите од некаде за што ќе плаќате камата или да речеме од своите најблиски, роднини, пријатели или потрошувачки кредит, што се има трошок. Сакам да кажам дека нема ниту еден аргумент дека ова не е поповолно или не би било поволно за некој што го нема решено станбеното прашање, посочи гувернерот  Трајко Славевски.