Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Прилози

Скопјани се подготвуваат за викенд без вода – ги испразнија рафтовите во маркетите

Скопјани ги испразнија рафтовите во маркетите. Флаширана вода се купува на големо,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопјани ги испразнија рафтовите во маркетите. Флаширана вода се купува на големо, откако градските служби најавија дека пред полноќ ќе ја затворат главната водовна цевка со што поголем дел од градот ќе остане без водоснабнување. 

Се прават залихи со оглед дека вода за пиење и хигиена нема да има додека целосно не се санира дефектот. Во дел од  маркетите, веќе нема големи шишиња со вода од пет литри.

Дополнително граѓаните се жалат дека ова е дополнителен трошок. Реагираат затоа што санацијата на цевката ќе се прави за време на викенд кога сите се дома, а од градските власти нема информација дали ќе има цистерни со вода низ Скопје, за да им се помогне на жителите во населбите кои ќе останат без водоснабдување.

Реклама

Немањето вода ќе биде проблем и за функционирањето на клиниките. Одложени се операциите во Клиничкиот центар, а од Министерството за здравство објаснија дека ќе се третираат само итни случаи.

Како што велат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ , вода ќе имаат само населбите од левата страна на реката Вардар, односно Чаир, Бутел, Радишани, пластичарска улица до американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда (висока зона), Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско поле, Новоселски пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански двор, Волково и орман. Останатите корисници ќе бидат без вода.

Утринава екипите од „Водовод“ ја испумпуваа водата која беше насобрана кај кружниот тек во Ѓорче Петров, а дефект претходно беше забележан и на булеварот „Никола Парапунов“, во Карпош 4, каде континуирано се излеваат огромни количини питка вода веќе неколку недели.

Љубиша Владимиров