Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Прилози

🎥 Скендер Реџепи Зејд одлучи да нема комисиска расправа: Сомнежите за нелегално прислушување одложени во Собранието

Скендер Реџепи Зејд од коалицијата на ДУИ реши да нема комисиска расправа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скендер Реџепи Зејд од коалицијата на ДУИ реши да нема комисиска расправа во Собранието, по сомнежите дека со години незаконси следени и прислушувани биле, во прв ред лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, луѓе од неговата партија, поранешен министер, но и новинари, обвинители и други јавни личности. Од владејачката партија повикуваат кога било во текот на денот да се свика комисиската расправа и да се заврши техничката работа која го кочи процесот, па членовите на комисијата во вторник да влезат во Агенцијата за национална безбедност и да ги проверат сомнежите кои се појавија во јавноста.

-Она кое што императив, наш императив е на 9-ти, во 9 часот наутро, Комисијата за надзор да биде во АНБ, значи првиот работен ден од денес, тоа е 9-ти во 9 часот наутро, Комисијата да биде во АНБ, со цел да се запознае со сите списи и сите документи за она што се случувало, се друго освен тоа е изигрување на волјата на граѓаните и на јавниот интерес, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов.

Со Комисијата не може да претседава нејзиниот претседател Скендер Реџепи Зејд, бидејќи нема добиено безбедносен сертификат за пристап до информации. Дека треба што побрзо да се влезе во просториите на Агенциите за национална безбедност согласна е и пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска. Таа треба да ја води комиската расправа на местото на Реџепи бидејќи поседува безбедносен сертификат.

-Дали тоа ќе биде денеска во два, во три, односно во 14, 15, 17 или 22 часот навечер, апсолутно немам никаков проблем за тоа, затоа што како што и вчера кажав во мојата изјава и мене лично како пратеничка и на СДСМ, ни е од интерес надзорот да се спроведе и граѓаните и што е најважно од се, вие како јавност да бидете информирани за тоа што се наодите и информациите до кои сме дошле при тој надзор, изјави Петровска.

Реклама

Скендер Реџепи Зејд пак вели дека седницата на била одложена, туку поништена, бидејќи собранискиот спикер Африм Гаши ја свикал прекршувајќи го деловникот и ако истата била одржана, ќе требало кривично да одговара.

-Деловникот е јасен, согласно член 126 од Деловникот јас свикувам седница по барање од една третина од членовите на Комисијата или по барање на претседателот на Комисијата, до мене ни до вчера ни до денеска не е стигнато такво барање, ниту од Комисијата, ниту од претседател на Собранието, затоа денешната седница не беше одложена беше поништена, изјави Реџепи Зејд.

Од Обвинителството претходно соопштија дека веднаш по примените известувања од АНБ, бил отворен предмет за овој случај, но повеќе детали не може да се откриваат поради сензитивноста и тајноста на документите. Инаку, сегашното раководство на Агенцијата за национална безбедност, по внатрешната контрола, уште пред еден месец испратила до обвинителите три известувања дека претходниците во агенцијата, наместо да ловат терористи и да спречуваат останати закани по безбедноста, отворале предмети за незаконско следење на луѓе.

Матеја Петровски