Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

Скандалозна седница на Сојзуот на пензионерите чие водство е континуирано на мета на критики од пензионерите за финансиски малверзации и неодговорно работење

Тензии, обвинувања за фалификат, исфрлување од сала на непожелни кои алармираат за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тензии, обвинувања за фалификат, исфрлување од сала на непожелни кои алармираат за злоупотреби и фалсификаување на одлуки на пензионерското редовно собрание. Дел од претседателите на локалните здруженија на пензионерите беа изферлени со обезбедување од салата во која заседаваше собранието. Тие бараа да присуствуваат на седницата бидејќи стравуваат од можен фалсифат на одлуките кои ќе бидат донесени без соодветен кворум. На седницата се најде финансискиот изгвештај и ревизорскиот извештај, за кој и оваа година има сомнежи дека се нереални. Пенуизоенрите сметаат дека се злоупотребуваат парите и се манипулира со нивната волја. Претседателите сметаат дека седницата зад затворени врати е можност да се изгласаат сомнителни извештаи со лажен кворум.

  • МОМЧИЛО ПЕТРОВИЌ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕ НА ПЕНЗИОЕНРИ КИСЕЛА ВОДА

Се повикуваа делегати на Собрание, ноќе. Дури бев и информриан дека дури до 11и30 пред дванаесет беа известувани делегатите да дојдат. Што е причината што е толку тајно повикување и што е згужвано во еден простор кај што нема да се дише не знам. Значи јас кога влегов, обезбедувањето рече повелете да с ептошиете, јас реков не сум делегат, јас сум само претседател. Ако потпиши се. За да имаат кворум значи можам да се потпишам, а кога реков не се потпишувам, јас сум претседател, тогаш ме исфрлија. Значи да им направам кворум да сепотпишам може, а да следам не може, рече Момчило Петрович, Претседател на здружението на пензиоерите на Кисела Вода.  

Според нив, сомнежите за фалсификат се оправдани, а за тоа укажува фактот дека претседателката на здруженијата на пензинерите ги собирала делегатите набрзина, преку ноќ. Дополнително, седницата продолжи зад затворени врати со исклучување и на јавноста од целиот тек на седницата. Трајкова пред камерата на Алфа се правда дека седницата била закажа набрзина заради наводни кратки рокови за достава на извештаите до владата и другите надлежни органи.

Реклама

„Една од поеклатантните точки кои се значајни за оваа седница е и разгледување на извештај од независен ревизор, бидејќи ние сме организација со статус од јавен интерес и секоја година до крајот на април, треба да го доставиме. Причина оваа седница а која беше претходно закажана, а денеска се закажуваше од денес за утре, така да кажам е токму за тие причини да се запази овој прекузивен законски рок, за да може нели, тој да се разгледа извештајот и да се достави до Владата, ни изјави Станка Трајкова, Претседателка на Сојзуот на здруженијата на пензионерите на Македонија.  

За целиот мандат на Претседатлката, здруженија на Пензионерите во Македонија имаат забелешки за нејзината работа. Тие и лани побараа оставка од фукнцијата. Ја обвинуваат за финансиски малверзации и нетранспаретно трошење на пензионерските пари. Секоја година бараат постапување од страна на надлежните органи, но таа тврди дека чесно ја извршува функцијата. Како потврда за нејзината чесност,  таа дури и најави кандидатура за втор мандат.