Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Скандал во МОН: Претходните министри неосновано трошеле милиони – заборавени книги, недоградени објекти, ненаплатени побарувања

Сомнежи за сериозни злоупотреби од претходните министри за образование. Државниот завод за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сомнежи за сериозни злоупотреби од претходните министри за образование. Државниот завод за ревизија утврди низа пропусти и скандали во овој ресор.

Еден од најзагрижувачките наоди во ревизијата се однесува на студентските кредити. И по повеќе од една деценија не биле преземени мерки за наплата или отпишување на овие побарувања, во вкупен износ од речиси 18 милиони евра. Само во 2023-та биле исплатени речиси три милиони евра за стипендии на студенти запишани на првите 100 универзитети во странство. Но, не постои систем за нивен ангажман по завршувањето на студиите. На тој начин државата финансира високо квалитетен кадар без никаква гаранција дека ќе се врати и ќе придонесе дома. Дополнително, за 66 студенти исплатени се повеќе средства од предвиденото.

Министерството за образование, иако нема регистрирана издавачка дејност, со години функционирало како издавач. Учебниците кои веќе биле уредени од авторите биле повторно испраќани на техничко и графичко уредување, за што се наплатувало по страница, иако работата веќе била извршена, за што неосновано се трошеле средства.

Реклама

Во рамки на проектот „Превод на 500 стручни и научни книги и учебници“ биле потрошени над 13 милиони евра, а книгите завршиле во подруми. Дел од нив веќе се оштетени од влага и несоодветно чување. Не постои евиденција за прием и издавање, ниту е направен редовен попис.

Во извештајот стои и дека блок-дотациите за основното и средното образование се распределуваат без јасни критериуми, што директно го загрозува функционирањето на училиштата. Ревизијата, меѓу другото, утврдила дека се правеле реконструкции на основни и средни училишта без утврдени цели, приоритети или индикатори на успешност.

Државниот студентски дом во Тетово чинел речиси три и пол милиони евра, а бил отворен без технички преглед и одобрение за употреба. Во извештајот стои и дека годинава се започнати активности за надминување на дел од овие состојби.