Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Синдикатот на СУТКОЗ ја блокираше „Илинденска“ поради неисплатени плати на вработените во „Флораком“ и „Луна“

Вработените од друштвата со ограничена одговорност Флораком и Луна, кои се фирми-ќерки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вработените од друштвата со ограничена одговорност Флораком и Луна, кои се фирми-ќерки на ЈП Паркови и зеленило – Скопје, денеска, го изразија својот револт преку блокирање на булеварот „Илинденска“, поради неисплатени плати. Како што информираше Стојанче Кашиковски, раководител на Синдикатот на СУТКОЗ, на работниците од овие две фирми не им е исплатена плата за јуни месец и се оставени без здравствено осигурување.

– За една недела треба да се исплати платата за јули месец, меѓутоа тешко дека и за таа плата ќе се стигне до 15-ти како што е законскиот рок за исплата на плата. За жал, нашите напори да се сретнеме со раководството на ЈП Паркови и зеленило не вродија со плод и повторно наидуваме на еден игнорантски однос и покрај тоа што од страна на Советот на Град Скопје пред 10 дена за ЈП Паркови и зеленило беа изгласани субвенции во висина од 80 милиони денари. Очекувавме дека со тие субвенции ќе бидат исплатени овие две плати, меѓутоа вработените повторно останаа без плата, изјави Кашиковски. 

Посочи дека и во двете фирми-ќерки на скопското Јавно претпријатие работат луѓе кои се хронично болни, а како што рече, дел од нив и онколошки случаи кои во моментов се оставени без основната терапија.

Реклама

– Во овие фирми имаме луѓе кои се хронично болни, онколошки случаи и тие се оставени без основната терапија. ЈП Паркови и зеленило земаа плата пред десетина дена за јуни месец, и тоа, платата ја зедоа со задоцнување од скоро три недели и како што реков, беше ветено дека и вработените во Флораком и Луна ќе ги земаат платите на истиот ден со вработените во ЈП Паркови и зеленило, меѓутоа повторно бевме излажани и вработени се оставени без плата, рече Кашиковски.

Недомаќинското работење, вели, од страна на првиот човек на ЈП Паркови и зеленило Јетон Бучи, кој минатата година беше назначен од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, ги довело до тоа да работниците ги бараат своите права преку протест. Доколку денеска или во текот на наредните денови не им биде исплатена платата за јуни и јули месец, Кашиковски нагласи дека ќе продолжат со блокирање на „Илинденска“ сѐ до исплата на платите на работниците.

– Во Флораком се вработени 37 лица, додека во Луна 26 лица, што значи околу 63 лица немаат земено плати. Кога го одржавме минатиот протест на 17 јули поради истиот проблем за неисплатени плати, од страна на раководството ни беше ветено дека за овие две фирми-ќерки на ЈП Паркови и зеленило платата ќе се исплаќа во истиот термин, истиот ден кога ќе земат плата вработените во ЈП Паркови и зеленило, меѓутоа, за жал, сведоци сте дека тоа не се случи и вработените повторно се оставени без плата и без здравствено осигурување, рече Кашиковски.