Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Македонија

Симулациска вежба во Тетово: Медицински сестри, Црвен крст и пожарникари демонстрираа спасување на повреден мотоциклист

Сојузот на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сојузот на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија (ЗМСТАС), предводен од Здружението „ЗА НАС“ на Македонија по повод Неделата на сестринство на градскиот плоштад во Тетово одржа симулациска вежба.  

Во рамки на вежбата беше симулирана сообраќајна несреќа во која мотоциклист е удрен од возило. Волонтери од Црвениот крст први му укажаа помош на повредениот, по што интервенираше екипа на Итната медицинска помош при Здравствен дом Тетово и го транспортираше до болница. Во акцијата учествуваше и Територијалната противпожарна единица со гаснење пожар, додека полицијата го регулираше сообраќајот.

-Вежбата претставува една симулација на повреда на мотоциклист,  каде што се презентираше како тоа во даден момент се врши тријажира за да може да се интервенира во повеќе смерници- изјави Гордана Бешлиоска претседателка на Сојузот на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија. 

Реклама

Оваа вежба е показател дека се можни повреди пред се кај младите кои управуваат мотоцикли без заштитна опрема-  посочи Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово 

-Ова е многу значајно и за градот и за младите, исто и пожарникарите, сите треба да учиме по нешто ново, а со цел да ги спасиме животите на граѓаните – рече Амети. 

Волонтери од Црвен крст се обучени за пружање прва помош, а радува фактот што голем број средношколци се пријавуваат да стекнат вакви знаења, посочија од општинската организација во Тетово. 

-Црвен крст учествуваше со волонтерите за пружење на прва помош кои се обучени за вакви настани. Секој ден имаме се повеќе и повеќе такви лица што сакаат да дадат свој придонес во општеството. Ние им помагаме на сите други нели како што е пожарна, полиција, болница и сите други чинители во државата – истакна Шкљќим Мурати, генерален секретар во Општинска организација на Црвен крст Тетово. 

Недела на сестринството која трае од 5 до 12 мај ќе се заврши исто така и во Тетово. Во вторник, по повод 12 Мај, кога е светскиот ден на сестринството во Центарот за култура во Тетово ќе се одржи Свечена академија на Сојузот на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија (ЗМСТАС), предводен од Здружението „ЗА НАС“ на Македонија.