Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Симпозиум на млади лекари во Скопје: Глобалните трендови во медицината поттикнати од вештачката интелигенција

Глобалните трансформации и трендови во медицината, поттикнати од улогата на вештачката интелигенција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Глобалните трансформации и трендови во медицината, поттикнати од улогата на вештачката интелигенција, како и најновите препораки за третман на болестите и идните предизвици во здравството, ќе бидат главен фокус на Симпозиумот на млади лекари што денеска и утре ќе се одржува во Скопје во организација на Здружението на лекари специјализанти (ЗЛС Скопје).

Темата на симпозиумот е „Иднината на медицината – прозорец кон утрешнината“, а настанот ќе се одвива паралелно во повеќе сали каде што ќе има воведен дел, предавања, панел дискусии и практични работилници. Ќе присуствуваат околу 150 млади лекари од земјава и гости од странство, кои ќе ги слушнат најновите искуства, сознанија и техники од реномирани стручни лица од различни медицински области.

Во официјалната програма се вклучени на 50 лекари, предавачи, модератори и ментори од различни области од Македонија и странство. Меѓу нив се проф. д-р Сашко Кедев, проф. д-р Миодраг Остојиќ, вон. проф. Владимир Чадиковски, проф. д-р Лидија Попоска, научниот советник Јане Талески, проф. д-р Скендер Саиди, проф. д-р Оливер Станков, проф. Един Бегиќ и многу други реномирани стручни лица од областа на хирургијата, интерната медицина, кардиологијата, урологијата, радиологијата и други специјалности.

Реклама

Учесниците на симпозиумот ќе имаат можност поблиску да се запознаат и со проектот на ЗЛС, „Стоп за лоши навики“, насочен кон подигнување на свесноста за значењето на примарната превенција на незаразните заболувања како водечка причина за сериозни болести и смртност во Македонија. Во рамки на овој проект, ЗЛС неодамна го издаде практичниот прирачник „Како до здрави навики“ на македонски, албански и англиски јазик со корисни упатства за превенција и подобрување на здравјето на граѓаните, кој ќе биде претставен пред учесниците.     

Организаторите на симпозиумот истакнуваат дека темата на годинешниот настан е поврзана со современите трендови во медицината и иднината на здравствениот систем, со посебен акцент на улогата на вештачката интелигенција, како тема која произлегува од глобалните трансформации во медицината што веќе се случуваат и кај нас.

Главната цел на симпозиумот е на младите лекари да им овозможи современа образовна платформа преку која тие ќе добијат глас, ќе бидат во центарот на вниманието и ќе добијат вистинско практично знаење, не само теоретско. Организаторите ги препознаваат реалните потреби на младите лекари и според тоа ги дизајнираа работилниците кои ќе бидат дел од настанот: развивање на клиничко размислување, практични вештини, споделување искуства, работа со пациенти и градење професионална самостојност.

Ова ќе биде второ издание на Симпозиумот на млади лекари, откако првпат се организираше во 2023 година. Огромниот интерес за овој настан, како и позитивните искуства на учесниците од првото издание, придонесоа тој годинава да биде уште поголем и посеопфатен, поради што ќе почне да прераснува во традиција во наредниот период.