Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Државата Израел, Вивиен Аисен

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на Вивиен Аисен, вонредна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на Вивиен Аисен, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Државата Израел, со седиште во Ерусалим.

Изразувајќи благодарност за поддршката од медицинскиот центар „Шиба“, чијшто тим лекуваше 23 пациенти повредени во катастрофалниот пожар во Кочани, претседателката истакна дека тоа е уште една потврда за длабокото меѓусебно разбирање.

По три децении дипломатски односи, претседателката очекува поширока и поинтензивна соработка во земјоделството, образованието, науката, истражувањето и развојот, технологијата и иновациите.

Реклама

Според неа македонската еврејска заедница, како нераскинлив дел од нашата историја и култура, е најцврстиот мост на македонско-израелската соработка.

Повикувајќи се на историјата, којашто учи дека насилството, без оглед на потеклото, ги продлабочува поделбите, ја продолжува човечката болка и ги оддалечува страните од праведно решение, таа искажа верување дека одржливиот мир може да се постигне само преку дијалог, дипломатија и почитување на меѓународното право и неговите принципи и вредности, вклучително и заштитата на човечкиот живот и достоинство.

На средбата претседателката ја реафирмираше македонската поддршка за меѓународните напори насочени кон деескалација и преговори. Блискиот Исток има насушна потреба од мир, безбедност, стабилност и соживот.

Амбасадорката Аисен се заблагодари за докажаната почит што ја ужива еврејската заедница во земјава. Таа ја пренесе израелската подготвеност за споделување на богатото искуство и експертиза во многу области, а особено во земјоделството, управувањето со водите, здравството и сајбер технологијата.

Предмет на разговор беше и иницијативата за Коридорот Индија-Блиски Исток-Европа (IMEC). Обете сметаат дека нашето вклучување во коридорот ќе ја подобри трговијата, енергетската и дигиталната поврзаност, со оглед на стратешката локација во срцето на Балканот. За Израел, ваквите проекти не се само економски коридори, туку и мостови на мир, напредок и заеднички просперитет.

Сиљановска-Давкова на новата израелска амбасадорка и посака успешен мандат.