Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Сиљановска-Давкова поддржува укинување на пржинската влада, двојно државјанство вели не треба да има и за претседателот на државата и за министрите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска изјави дека за неа измените на Законот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска изјави дека за неа измените на Законот за Владата, што се однесуваат на техничката влада, и тогаш кога се донесоа и сега, се неуставни и го поддржува предлогот на власта таа да биде укината од следните избори, но смета дека за укинувањето, исто како и кога се изгласа решението, треба да има дијалог.

Сиљановска-Давкова исто така смета дека, освен пратениците, можност за двојно државјанство не треба да има и за други функционери – претседателот на државата и министрите.  

– За мене, измените на Законот за Владата, што се однесуваат на техничката влада, и тогаш и сега се неуставни. Имено, во самиот законски текст има одредба дека техничката влада ќе функционира во 2016 година. Ние го продолживме нејзиното функционирање. Се разбира дека има технички влади во светот, но не од ваков тип. Техничките влади се влади на експерти, на бирократи. Зошто? За да гарантираат фер и демократски избори. Суштината на измените на нашиот Закон за Владата во однос на техничката влада, всушност, значат нетехничко функционирање бидејќи политичари не може технички да функционираат, туку политички влади како гаранција дека ќе се овозможат фер и демократски избори – рече Сиљановска-Давкова. 

Реклама

Таа посочи дека ќе го потпише указот за законот, но оти би сакала, бидејќи на таков начин се донесоа и измените на Законот, и сега да се разговара и да се дебатира за да се видат добрите и лошите страни. 

– Инаку, колку што знам јас, претходно многупати сум чула дека е потребно да се стави крај на техничката влада. Уставен суд може да потврди дека тоа е неуставно решение, но мислам дека не е лошо да се дебатира како тогаш – рече Сиљановска-Давкова.

Претседателката рече дека ја поддржува идејата пратеници да немаат двојно државјанство, но смета дека законски треба да се уреди двојното државјанство при стапување на функција да не може да имаат и претседателот на државата, на Владата и министрите. 

– Уставот им гарантира на граѓаните македонско државјанство. Во Законот за државјанството исто така има одредба во која се вели дека граѓаните на Републиката имаат македонско државјанство, но исто така, мислам дека е членот 2, став 2, гарантира и двојно државјанство. Постои можност, по мене, за ограничување на двојното државјанство. Таква можност веќе дава Законот за надворешните работи и се однесува на амбасадорите. Исто така, кога зборуваме за носители на функции, кои се важни за безбедноста на државата, на пример, за директорот на АНБ, не се дозволува двојно државјанство. Значи, со некој матичен закон може да се ограничи двојното државјанство за други носители на функции. Инаку, јас мислам дека треба да се однесува и на претседателот на државата и на министритре. Закон за Владата има. Таму може да се воспостави ова решение. Закон за претседател нема, тоа е во Уставот, но ова ограничување треба да важи и за претседателот – рече таа.

Објасни дека со ваквите решенија не се навлегува во можноста за двојно државјанство, туку дека за определени функции не може да има двојно државјанство.

– Доколку сте имале двојно државјанство претходно, во моментот на стапувањето на функцијата тоа треба да престане –  рече претседателката.  

Претседателката Сиљановска-Давкова денеска во Собранието се обрати на XX конференција на претседатели на парламенти на Јадранската и Јонската иницијатива.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: