Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

Сиљановска-Давкова ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот

Жените рамноправно да учествуваат во дефинирањето на правилата, приоритетите и етичките граници,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жените рамноправно да учествуваат во дефинирањето на правилата, приоритетите и етичките граници, да бидат рамо до рамо со мажите како во дигиталниот свет така и во реалноста. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech Macedonia Awards“.
Од вила Водно, беа испратени силни пораки за поддршка на жените, со посебен фокус на надминување на родовиот јаз во науката и технологијата.

„Како жена се радувам што повеќе од половина од истражувачката заедница кај нас ја сочинуваат жени. Ова укажува на сериозен интелектуален потенцијал на огромен, се уште не доволно искористен ум, знаење креација и иновација. Кога половина од популацијата нема целосен пристап, тогаш не губат само  жените, тогаш слабее економијата и самиот хоризонт на иднината. Денес не е доволно жените само да бидат дел од технолошкиот развој туку е неопходно рамноправно да учествуваат во дефинирањето на правилата, приоритетите и етичките граници на дигиталниот свет.“– вели претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

На првите „Women in Tech Awards“ во Македонија  во соработка со Министерството за дигитална трансформација, беа доделени награди во 9 категории. Од истоимената организација порачаа дека вистински напредок ќе има кога сите ќе бидат дел од промената.

Реклама

„Нашата цел е да ги истакнеме претставниците на македонскиот Ит и технолошки сектор, но уште поважно да создадеме примери кои ќе ги инспирираат и сите останати генерации на млади лидери, иноватори и визионери да продолжат да го градат нашиот ИТ екосистем.“ – вели претседателката на „Women in Tech“ Македонија, Моника Ризовска.

Women in tech е една од најактивните технолошки заедници во регионот. Повеќе од 15 години работи со посветеност на поддршката и едукацијата на жените во дигиталната трансформација, помош при вработување и претприемништвото.