Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Шукова и Мојсова со конкретни решенија за паркирањето и урбанизмот во Скопје и Карпош

Кандидатките за градоначалници од СДСМ, Каја Шукова за Град Скопје и Маја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатките за градоначалници од СДСМ, Каја Шукова за Град Скопје и Маја Мојсова за општина Карпош, денеска ги претставија своите визии за решавање на еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваат скопјани – паркирањето и хаотичната урбанизација. Двете кандидатки нагласија дека овие прашања не се само технички, туку суштински за квалитетот на живот и достоинството на граѓаните.

-Денеска сме во Карпош, општина која секојдневно се соочува со сериозен проблем – паркирањето. Но тоа не е само проблем на Карпош, туку на целиот град. Сите знаеме како изгледа да кружиме околу зградата по работниот ден, барајќи слободно место. Ако ни дојдат гости, уште поголем хаос. Затоа во нашата програма, паркирањето и урбанизмот се врвен приоритет, рече Шукова, на прес-конференција на платото пред Млечен ресторан.

Таа најави воведување на паметни паркинзи со дигитална наплата, зони на периферијата поврзани со јавен превоз и информации во реално време. 

Реклама

-Преку стратегијата „Скопје за сите“, обезбедуваме субвенциониран паркинг за семејствата со ниски приходи, пензионерите, младите невработени и лицата со попреченост. Секој нов урбанистички проект ќе мора однапред да предвиди паркинг, зелени површини и простор за пешаци – не по изградбата, туку како предуслов, додаде таа.

Шукова истакна дека урбанизмот ќе биде транспарентен, со достапни планови онлајн и можност за јавни предлози. 

-Ќе донесеме нов, строг и еколошки генерален урбанистички план. Во првите две до четири години ќе ја изработиме стратегијата „Скопје 2050“, долгорочна визија за паметен и одржлив град, со мешовити урбани зони и уредени јавни простори. Не може веќе да се бориме со овој хаос. Скопје заслужува многу подобро, заклучи Шукова.

Кандидатката за градоначалник на Карпош, Маја Мојсова, зборуваше од локацијата кај Млечниот ресторан, симболично место каде, како што рече, „се дружиме сите, но денеска ми требаше половина час да најдам паркинг за да стигнам тука.“

-Она што сакам да го кажам, иако можеби не е доволно јасно во програмата, е дека Карпош мора да стане самоодржлива општина. Тоа значи дека ќе стопанисуваме со паркингот на начин кој ќе биде фер и функционален. Ќе се изцртаат сите паркинг места, ќе знаеме точно колку има, и ќе се воведе субвенционирање за жителите на Карпош, додека за посетителите ќе има наплата – по принципот на ПОЦ, објасни Мојсова.

Таа нагласи дека проблемот со паркирањето е директно поврзан со неконтролираната урбанизација. 

-Кога ќе се сетам на минатото, тука секогаш имаше паркинг. Сега не. Но нашата влада долго време ја стопираше А2 урбанизацијата во овој дел, и нашите советници не дозволуваат изградба по тој план, затоа што тоа значи повеќе гужва, а помалку простор, рече таа.

Мојсова додаде дека проблемот се засилува бидејќи овој дел од Карпош се граничи со Центар, каде паркингот е бесплатен, па многу посетители го користат Карпош како алтернатива. 

-Ќе мораме да го решиме тој проблем. Граѓаните на Карпош треба да имаат приоритет, да си го најдат паркингот и да доаѓаат дома без нервози. Урбанизацијата А2 нема да се случува веќе во овој предел, но размислуваме за монтажна гаража која ќе го намали притисокот – и за жителите, и за посетителите, заклучи Мојсова.

Двете кандидатки се обврзаа на системски пристап, транспарентност и долгорочни решенија, со цел да се врати редот во урбаното живеење и да се подобри секојдневието на граѓаните.