Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Македонија

Шукова и Герасимовски нудат решенија за депонирање на отпадот во градот Скопје и Општина Центар

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова денеска заедно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова денеска заедно со кандидатот за градоначалник за Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски и претседателот на партијата Венко Филипче на првиот ден од кампањата за Локалните избори го посетија депото во Општина Центар, каде што се возилата со кои се собира сметот во оваа општина. Шукова истакна дека  граѓаните треба да се потсетат оти четири години ВМРО ДПМНЕ управуваше со градот Скопје и со Комунална хигиена. Таа истакна дека како резултат нивното препукување со актуелната градоначалничка Данела Арсовска доведе до хаос и трупање на смет во градот Скопје.

-Сега ветуваат дека за Орце Ѓорѓиевски дека за 72 часа ќе го исчисти градот Скопје. Тоа се нереални ветувања, за разлика од Орце Ѓорѓиевски јас имам реален план како да се исчисти градот Скопје. Ние зборуваме за ново паметно решение, коешто ќе значи нова опрема и ќе значи џипиес комуникација со опремата во Скопје, односно да знаеме во реално време дали ни се полни контејнерите и кога треба да се празнат, вели Шукова.

Таа истакна дека во Програмата имаат дека ќе набават двојно повеќе контејнери и канти за складирање на отпадот, како и нови возила, бидејќи постојните се многу лоша состојба. Посочи дека еден од големите проблеми на граѓаните на градот Скопје и кабастиот отпад, којшто мора да се реши, а во нивната Програма нудат и решенија.

Реклама

-Сметаме дека Програмата која што ја нудиме на граѓаните за град Скопје ќе биде ефикасна и нема да има доцнење во собирањето на отпадот во градот. Нудиме ефикасен систем, којшто покрај сите овие функции ќе има и функции за селектирање и намалување на количните на отпад, секако и за расчистување на дивите депонии, изјави Шукова.

Кандидатката за градоначалник за град Скопје од СДСМ додаде дека системот за управување со отпад е комплексен, бара работа и соработка меѓу сите институции.

Кандидатот за градоначалник за Општина Центар од СДСМ, Герасимовски рече дека денеска Шукова и Филипче ги запознал со сето она што го правел во изминатите четири години, а треба да го реализира градот.

– Денеска им посочив за нашата нова механизација, која е изнајмена минатиот период се со цел хигиената ја издегнеме на повисоко ниво и да не дозволиме Центарци да се угушат во ѓубре. Она што го правиме изминатите четири години продолжуваме и во наредниот нов мандат, каде што планираме дополнителна механизација, со две нови цистерни и пет нови метларки, се со цел да го зголемиме нивото на хигиена во Центар и да биде на највисоко ниво, вели Герасимовски.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција на првиот ден од кампањата за Локалните избори 2025 година им ја даде поддршката на кандидатите за градоначалници од СДСМ за Општина Центар и за градот Скопје. Забележа дека активностите кои се во тек во Општина Центар со собирањето на отпадот всушност се во целосна ингиренција на град Скопје. Но, поради препукувањата и какошто вели инаетот  меѓу ВМРО ДПМНЕ и градоначалничката, Арсовска Општина Центар морала да ги преземе со цел граѓаните на оваа општина да не се затрупаат и угушат во ѓубре.