Реклама

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Свет

Што средбата меѓу Трамп и Путин му носи на светот: Можеби ќе бидеме изненадени, можеби шокирани

Долгоочекуваната средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин се одржува денеска во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Долгоочекуваната средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин се одржува денеска во Алјаска. Но, прашањето е дали по оваа средба светот ќе биде поблиску до долгоочекуваниот мир во Украина?

Вашингтон со денови се обидува да ги ублажи очекувањата за средбата. Трамп во понеделникот средбата во Алјаска ја нарече испитување на теренот.

Од друга страна, Путин не сака да разговара со Трамп само за Украина, туку за пошироката нормализација на односите со САД, и економски и политички, како и воени.

Реклама

„Сегашната американска администрација вложува енергични и искрени напори да ги запре борбите, кризата и да постигне договор на сите заинтересирани сили во овој конфликт. Да создаде долгорочен мир во нашите земји, Европа и светот, ако во следната фаза постигнеме договор за стратешко оружје“, рече Путин.

Со пристигнувањето во воената база во Алјаска, Путин веќе доби нешто – се извлече од меѓународна изолација, се врати на западно тло, дури и ако тоа беше најизолираната американска федерална држава.

Разговорите треба да започнат во 11,30 часот по локално време (21,30 по средноевропско време), прво со тет-а-тет средба, потоа со делегациите, а изјавите можеме да ги чуеме длабоко во ноќта помеѓу петок и сабо

Изјавите ќе бидат посебно следени од лидерите на ЕУ, со цел да се види дали Трамп навистина ги слушнал во онлајн разговорот во средата, особено најважната точка – дека не ја предава територијата на Украина без согласност на Киев.

Зеленски вчера во Лондон се сретна со Стармер, од каде што британскиот премиер повтори дека територијалниот интегритет на Украина мора да се зачува.

Сепак, реалноста е поинаква. Русија напредува на фронтот, село по село. И тука Путин има тактичка предност.

„Путин ќе мора да му испорача барем нешто на Трамп, што може да го „продаде“ дома. А тоа би можело да биде примирје кон украинските градови во внатрешноста. Ништо повеќе, но и ништо помалку. Тоа би значело за цивилите дека, за прв пат по три години, би можеле да спијат мирно ноќе. Значи, тоа е првиот чекор кон мирот. Не можеме да очекуваме многу повеќе, но можеби ќе бидеме изненадени“, вели Клеменс Фишер, професор по меѓународни односи и геополитика на Универзитетот во Келн.

Или шокирани, бидејќи Доналд Трамп покажа за осум месеци дека може да го направи тоа. Ден по ден.